Откриваме како настанала песната „Летај ми летај галебе“ од некогаш популарната група МАКЕДОНИЈА. Љупчо Силјановски е автор на текстот а музиката е на Славе Димитров
Група „Македонија“ е македонски музички квинтет формирана 1976 во Скопје.Членови на групата „Македонија“: се Кирчо Поп Лазаров,Панче Кочовски,Даниела Панчетовиќ,Верица Ристевска и Зорица Поп Панкова.Претходно во групата во првата постава пееше и Сашка Петкоска, а едно време и Марина Пухариќ.
Имаа снимено 2 студиски албума за дискографската куќа Југотон во кој има 10-тина синглови како:„На пусто острово“, „Ѕм ѕм ѕм“,„Сос“, „Има една мома’, „Дал да ти кажам“,„Малечка вселена“, „Љубов далечна моја“, „Се е тажно“, „Пролет’, „Око мое зелено“, „Есенска роза “ и др.
Групата постоеше неколку години по што сите нејзини членови остварија самостојна музичка кариера.Имаа учествувано на Сплитскиот Фестивал, Скопскиот Фестивал, Белградска пролет, Ваш шлагер на сезоната и ред други.
Автор на песната на која ве потсетуваме е Славе Димитров а на текстот Љупчо Силјановски, поет, раскажувач и драмски писател. Силјановски за Публицитет.мк накусо открива како настанала песната „Летај, летај, галебе“.
Поминаа многу години оттогаш, можеби 40 но се’уште се сеќавам дека во „Шехерезада“ – Скопје кај стоковната „Мост“ беше сместен Сојузот на младината на Македонија со општествените организации Книжевната и Музичката младина. Тоа резултираше со блискост и соработка.
Во тоа време групата „Македонија“ беше во подем и нејзиниот член Панче Кочовски – Мањфико нели, ми побара текст за фестивалска песна. Направив неколку верзии, една беше одбрана а една, не можам да тврдам, но се сомневам, веројатно дошла во рацете на друг автор и тој напиша песна за Галебот што стана евергрин во интерпретација на Верица Ристевска. Убав успех доживеа и мојот оригинал „Летај, галебе“ со групата „Македонија.
Ве интересира и како настана текстот, еве ќе ви кажам: – Бев млад, 23 годишен, вечно вљубен, имаше некоја белграѓанка на „Млада Струга“ дојдена самоиницијативно, само за песната и поезијата. Романса на повидок. Љубав преко жице. Имено жицата (бодликава) ми ја растегнаа некои охридски галеби (мачо-мачори) и точно во договорениот термин кога требаше да се состанеме со Убавицата од Белград на Пристанишче, кликаа галеби над нашите глави, а шиљокураните кои не давет нивни женски да им фаштет поетите-скопјанишча, викаа по мене и по мојот пријател по перо „Аман, ојте си, сите девојки вие поетите ни ги испофаштавте!„ Но, риба из Београда отиде настрана, им шепна нешто на моите охридски ривали, и се врати кај мене и таа ношт скоро до зори го слушавме крикот на галебите, јас и говорев за Галебот на Чехов, таа ми шепотеше стихови од Марина Цветаева иако, таа вечер не се роди голема љубов се роди инспирација за текст на пеената „Летај, галебе“ вели за Публицитет.мк авторот на текстот Љупчо Силјановски.
Милчо Јованоски, Публицитет.мк