На почеток од идната година се очекува принова во семејството на Honda. Се раѓа нов супер-автомобил…
Јапонското семејство се зголемува. Поточно Хондиниот супер автомобил NSX најверојатно е дека ќе добие своја помала и поефтина изведба која ќе го добие името ZSX, име кое Honda веќе го има заштитено во Европа.
Првичниот концепт ќе биде претставен на авто саемот во Детроит наредната година, а според некои информации ќе биде претставена првично како купе, а подоцна ќе биде претставена и кабрио изведба.
Што се однесува до перформансите, ZSX ќе биде претставен во хибридна изведба, односно електричен мотор кој ќе работи во комбинација со 4 цилиндричниот 2,0 литарски мотор кој моментално е поставен во Civic Type R. Но за дополнително да биде уште поинтересен овој модел од Honda се шушка дека на овој проект работат и McLaren со што би можеле да очекуваме интересен, мал и ефтин супер автомобил.
Извор: www.rpm.mk