Секој сака да ја посети пешачката патека на езерото Исео,во италијанскиот регион Ломбардија, дизајнирана од страна на американскиот уметник со бугарско потекло Христо.
Идејата за оваа патека, уметничка инсталација беше преку преминувањето на ” лебдечките пловечки докови “, да се поврзат местата Сулзано , Монтисола и островот Сент Пол, простор долг околу пет километри.
Имено, шеталиштето е направено од 200.000 лебдечки портокалови коцки и за кратко време стана вистинска атракција.
Осумдесет илјади туристи секојденевно доаѓаат за да бидат дел од овој возбудлив настан.
Редиците за да се дојде до патеката се предолги, паркингот понекогаш почнува дури и од железничката станица од каде што пристигнуваат туристите.
Како што наведе самиот Христо, тоа е составен дел од посетата на пловечки докови.
„Ако немате трпение , можеби е најдобро да останите дома,бидејки така ризикувате да си го расипете ова искуство, вам ама и на и луѓето околу вас.”
За помалки трпеливите се препорачува посета во работните денови,како и рано наутро,околу пладне или на зајдисонце,
Времето за посета започнува од 6 часот наутро, па се до полноќ. Такви се љубопитните Италијанци, а има и многу странци.
Мостот на езерото Исео ќе биде отворен до недела, 3 јули (и нема да се повтори, било каде во светот, рече Христо).
За Публицитет.мк
Весна Сбабо од Италија