Женскиот дерби ракометен натпревар помеѓу ЖРК „Стружанка“ Струга и ЖРК „Пелистер“ Битола, за влез во 1/2 финале ќе биде од хуманитарен карактер.
ЖРК „Стружанка“ не можејќи да учествува на „Трката посветена на децата со Даунов синдром” поради истовременото одржување на натпреварот, одлучи дерби мечот од Купот против ЖРК „Пелистер“ да го посвети на децата со Даунов синдром.
Натпреварот ќе се одигра в недела на 24 март во 14 часот во салата „Нико Нестор” во Струга. Влезот ќе биде слободен, а донациите- секој според можностите, ќе може да се доделат на посебно обележани места на влезот од салата.Средствата ќе бидат донирани за децата со Даунов синдром.
Публицитет.мк