• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 27, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Хуманитарен маскенбал за помош на Сара во ОУ „Григор Прличев“

октомври 22, 2018
in Uncategorized
Хуманитарен маскенбал за помош на Сара во ОУ „Григор Прличев“

Во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид сношти се одржа првиот дел од хуманитарната акција за помош на Сара Настеска „Од мене, од тебе, од нас… за Сара“.
 
Во училишната  сала, се одржа хуманитарен маскенбал по повод „Halloween“ за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година.
 
– Соучениците од Сара, нејзините врсници и другари со топли души и искрено од срце ја наполнаа спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ на хуманитарниот маскенбал на тема Helloween, а со една единствена цел – да и ја вратиме безгрижната насмевка на нашата Сара. Ваквата убава мисла нека не води и во среда, во 17:00 часот на продажната акција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ на која учество, освен вработените и учениците од ова училиште ќе земат и останатите основни училишта, а испраќаме покана и до сите граѓани на Охрид да дојдат со свои производи и да земат учество на продажната акција, велат соучениците од одделението каде учеше Сара, кои се организатори на настанот.
 
Влезот беше 100 денари и собраните средства ќе се донираат во фондот за лекување на Сара. На хепенингот можеа да се купуваат производи, а учесниците носеа и свои производи кои се продаваа на штандовите.
 
ОУ „Григор Прличев“ е училиштето во кое 15-годишната Сара Настеска го стекна своето основно образование и во кое учи нејзиниот брат Виктор.
 
– Вработените и другарите од школските клупи зборуваат за нив двајца дека се ученици за пример и другари за век. Со цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест, вработените и учениците во училиштето организираат хуманитарен хепенинг во среда во 16:30 часот. На истиот паралелно ќе се одржат две продажни хуманитарни акции – „Наставниците за Сара“ и „Школските другари за Сара“. На овие продажни акции наставниците ќе ги продаваат своите подготвени производи, а учениците своите омилени предмети. Хепенингот ќе биде придружен со музика и песна од хорот и оркестарот при училиштето, информираат од ОУ „Григор Прличев“.
 
Публицитет.мк 
Посетеност: 100
Share
Previous Post

Настески: Благодарни сме на државните институции, но клиниката во Германија гарантира висока успешност со низок ризик, што за нас како родители е пресудно

Next Post

Се подготвува стратегијата за рурален развој на општина Охрид за периодот 2019- 2025 година

Next Post
Се подготвува стратегијата за рурален развој на општина Охрид за периодот 2019- 2025 година

Се подготвува стратегијата за рурален развој на општина Охрид за периодот 2019- 2025 година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 100

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk