Hyundai ги реши пролемите за паркирање, корејците измислија автомобил на склопување…
Корејскиот производител – Hyundai, во американската агенција за патентирање пријави нов патент за автомобил на склопување. Овој нивен нов изум е предвиден за автомобилот на идеален начин да се склопи при паркирање со што би зафаќал значително помалку простор.
Односно предниот дел од подот со предните тркала се преклопуваат со задниот дел и задните тркала со што се намалува меѓуоскиното растојание на автомобилот, а нормално со тоа значително се намалуваат димензиите на автомобилот со што се добиваат идеални пропорции за паркирање.
Сепак ова моментално стои само на хартија, би било одлично наскоро да имаме шанса да го видиме ова и во пракса..
Извор: rpm.mk