Постојат илјадници начини да се сака својата родна земја. Наставниците и ученците секогаш се инвентивни. За тоа сведочи и следниов пример.
По повод празникот 8 Септември, петтоодделенците при ОУ,,Св. Климент Охридски“-Охрид изработуваат знаме на РМ преку употреба на техниката филигран.





Деновиве, всушност започна работилницата, а на вториот дел се очекува знамињата да бидат готови и поставени во училниците со натпис над нив: Ја сакам мојата татковина – Република Македонија.

Од одделенските наставнички Виолета Илиеска и Валентина Кузманоска добивме уверување дека ќе добиеме најубави фотки.
Честит празник!
Публицитет.мк






