Учениците од Основното Училиште „Христо Узунов“ ја покажаа својата хуманост.
Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта.
![GEDC3255](images/sliki_092017/GEDC3255.jpg)
Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни нерасипливи прехрамбени производи и средства за хигиенаи и облека.
![GEDC3263](images/sliki_092017/GEDC3263.jpg)
Голема Благодарност за овој хуман гест до учениците, родителите и колегите од име на ОУ Христо Узунов упати директорот Тони Симоновски.
Публицитет.мк