Македонците се одлични и ценети работници во Италија, но знаат и да се дружат и одлично да се забавуваат.
Тоа го покажува и дописот кој пристигна од Трентино – Италија во кој покрај фотографиите направени на забавата одржана минатата сабота, секретарот на тамошното друштво Оливер Лекоски импресиите ги сподели со „Публицитет.мк“
-Од се’ срце сакаме да им се заблагодариме на сите што присуствуваа на музичката забава во Тионе Ди Тренто – Италија со македонската ѕвезда Благоја Грујоски и за тоа што со нивното присуство ја збогатија прекрасната музичка манифестација организирана од МКД „Свети Кирил и Методиј“ од Трентино. Се надеваме дека сите уживаа и дека ќе има уште многу дружби забави и нови идеи, вели секретарот на друштвото Оливер Лекоски.
На забавата биле присутни многу Македонци кои живеат во Пиамонте,во Равена и vo Тревисо, а како почесни гости на вечерта им биле пријателите од македонското друштво „Аминта“.
Публицитет.мк