• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

И ВМРО ДПМНЕ – Охрид со реакција по соопштението на СДСМ – Охрид

февруари 19, 2016
in Тикер

Почитувани сограѓани, кликата на чело на СДСМ во Охрид денеска повторно ја извади главата од глувчешката дупка во која се крие, направи обид да стане релевантен фактор во локалната политика и уште еднаш, како и многу пати досега, покажа дека нема никаков контакт со реалноста.

Депонијата кај Мауцкер е само мал дел од „наследството“ за Охриѓани од СДСМ и поранешниот градоначалник Петрески, заменикот и сегашен пратеник Тунтев и директорот на ЈП Комуналец Алче. Како да не биле задоволни со економското урнисување на градот и „дислоцирање“ на парите од буџетот на локалната самоуправа, тајфата заради свои бизнис зделки го претвори влезот на Охрид во ужасна дива депонија. Соодветните заработија и пријави од Државниот инспекторат за животна средина и природа. Ако кликата заборавила, ние ќе ја потсетиме.

ВМРО – ДПМНЕ уште во време на анархијата и беззаконието под поранешниот градоначалник неколку пати предупредуваше за еколошката катастрофа што се заканува на Мауцкер.

Локалната самоуправа, ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески вложуваат големи средства од урнисаниот буџет на локалната самоуправа и се во постојани напори да го средат овој проблем  и да го исчистат ѓубрето што го остави СДСМ за да се почне со изградба на индустриската зона.

Да не беа трагични, ќе беа смешни изливите на самодоверба на десеткуваната опозиција во Охрид. Без трошка срам спомнуваат доверба и одговорност. Ја видовме довербата и сфаќањето за одговорност на тајфата. Ниту кликата во СДСМ е способна да преземе одговорност, ниту народот ќе им даде било каква доверба.

Времето поминува, изборите се ближат. Народот е најпаметен, гледа и не заборава.

Општински комитет

ВМРО – ДПМНЕ ОХРИД

Публицитет.мк 

Посетеност: 85
Share
Previous Post

„Мојот живот, мојот свет“ – Боро Минта Митрески

Next Post

„Чист Охрид“ – Најавивме чистење на Полигонот – некој го сторил тоа пред нас!

Next Post

„Чист Охрид“ - Најавивме чистење на Полигонот - некој го сторил тоа пред нас!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 85

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk