• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

И во Охрид да се слушне гласот на ретките болести

февруари 23, 2017
in Uncategorized

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ предводени од кампањата на ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести), заедно со Црвен крст -Охрид и Зш Авантура, под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“ со низа активности ќе го одбележиме Денот на Ретки Болести, кои, пред се ќе бидат насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите.

Во вторникна 28 февруари во  12:00 ч. Старт на маршот за подршка на лицата заболени од ретки болести од дворот на ОУ Христо Узунов.

Како централен настан се планира одржување на Марш низ улиците на Охрид и атлетски крос по кејот на Охридското Езеро, на кој учество ќе земат околу 350 ученици од основните и средните училишта во Охрид, со што ќе дадат своја поддршка на лицата заболени од ретки болести.

retki

 Околу 200 ученици во колона ќе се движат по ул. Питу Гули, потоа по ул. Јане Сандански,кај фонтаната на маршот ке се приклучат учениците од ОСУ Св Климент Охридски и зедно продолжуваат се до Кеј Македонија (пред х. Ројал), од каде околу 13:00 ќе стартува атлетскиот крос на учениците со цел пред споменикот на Кирил и Методиј.

Од тука учениците ќе се упатат на Градскиот плоштад каде ќе делат информативен материјал за ретките болети, по што околу 13:30 се предвидува завршување на манифестацијата.

Постојат меѓу пет и осум илјади ретки болести, секоја со преваленца од помалку од 0,1% од населението, но заедно тие чинат огромна бројка која засега милионски животи на глобално ниво.

Ниту една земја, а особено не помалите како што е Македонија, не може самостојно да се справи со предизвиците на ретките болести, но затоа може да се придружи на заедничките напори и да ги искористи можностите и примени придобивките од глобалните и регионалните напори за справување со сите аспекти, од здравствени потреби, преку економски и социјални услови до квалитет на живот и
самореализација.

Сепак, и покрај забележливиот напредок во последните децении за подобрување на дијагностицирањето, третманот и рехабилитацијата на ретките болести во земјата, регионот и секако на глобално ниво, и натаму останува потребата за
подобро разбирање на уникатните предизвици од ретките болести, со цел осмислување соодветни мерки за одговор во здравствениот, но и другите сектори на општественото делување.

Публицитет.мк 

Посетеност: 135
Share
Previous Post

Т’га за воздух

Next Post

Нема бесплатно полнење на мобилните апарати

Next Post

Нема бесплатно полнење на мобилните апарати

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk