Коста Костоски е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје , отсек соло пеење.
Тој е во класата на познатиот македонски компо зитор и диригент Кире Костов. Идниот Павароти од Вевчани уште од мал сонувал да се зани
мава со музика, особено со пеење, и ете на добар пат е да ја исполни својата желба. Костоски со неколку изведби во живо на неколку популарни оперски арии синоча настапи на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ во Трпејца. Миланската скала која посакуваме да ја достигне што побрзо и да направи блескава кариера, за почеток ја заменија скалите и подиумот во Трпејца. Трпејчани и многубројните гости уживаа во неговата изведба, во рамките на гостувањетѕ на Вевчанско лето во Трпејца.
Синоќа беше промовирана и книгата со афорзми ВЕВЧАНСКИ ЕРОТСКИ БУКВАР од Сашо Бетоски. Во негово отсуство на вевчански дијалект сочните афоризми ги презентираше Трајче Лазороски , кооридантор за култура во Општина Вевчани. Договорено е двете културни лета догодина да ја продлабочат соработката.
Публицитет.мк