Вчера учениците од посебните и редовните паралелки од ОУ „Св. Климент Охридски“ зедоа учество на Националниот фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“- ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА-2015.
Овој фестивал за прв пат се одржува кај нас со интенција да прерасне во традиција, а има натпреварувачки карактер.
На фестивалот кој трае и денес учествуваат групи од цела Македонија а најдобрите три пртестави во април ќе бидат изведени во Македонскиот народен театар МНТ и ќе продолжат да се натпреваруваат на национално ниво.
Нашето училиште се претстави со „Легенда за Охрид“ и покажа дека во уметноста нема граници , нема бариери зошто сите ученици на сцената имаа иста задача – различноста не спојува во еднаквост пред публиката. А токму и карактерот на овој фестивал ја имаше задачата да покаже дека сите ние живееме под исто сонце без дискриминација на лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење, велат во дописот до медиумите, од ОУ „Св.Климент Охридски“
Публицитет.мк