
Веќе добро познатиот настан „Имам нешто да ти кажам“, по повод светскиот ден на поезијата, 21 март, ве поканува во кафе бар Шила, од 20:00 часот заедно со младите поети/поетеси од Охрид да го одбележиме овој датум.
Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни, но и светски автори. И секако ќе има една бонус рунда, која секогаш е вистинско уживање за посетителите и учесниците, но тоа би го откриле само доколку сте присутни на овој настан.
Стихови ќе читаат:
1. Анастасија Стојаноска
2. Тамара Танкоска
3. Јана Голабоска
4. Бисера Николоска
5. Михаела Протугер
6. Ана Филипче
7. Евамарија Баткоска
8. Климент Шиникоски
9. Теодора Николовска
10. Јован Цветкоски
11. Сретен Стрезовски
Повикот за учесници е отворен. Може да чита поезија, секој што има своја поезија, и желба за читање.
Резервирајте си место навреме.
Се гледаме четврток во Шила од 20:00 часот, најавуваат организаторите.
Публицитет.мк







