• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

„Од Чинарон до Чинарот“ – 101 книга на академик Миле Миќуновиќ

март 19, 2019
in Омнубус
„Од Чинарон до Чинарот“ – 101 книга на академик Миле Миќуновиќ

Фотографските доживувања и восхитот од својот роден град Охрид, деновиве академик Миќуновиќ ги претвори во книга. Ова е уште една убава фото посвета на Охрид и водич за бројните вљубеници – туристи кои се на пропатување во нашиот град и во потрага по ненадминатата негова убавина. 

Во предговорот на ова најново дело академик Миќуновиќ ќе напише: – Се движев покрај Чинарон и си помислив: Да тргнам оттука, да направам круг движејќи се кон Езерото, Сараиште, преку Канео, низ цел Варош, Самоиловите тврдини и да се вратам преку Св. Сава до Саат кулата и да дојдам пак до Чинарот.

Идејата ми се допадна, но си реков: Ако за секое мое движење пишувам текст, објаснувајќи што е што, ќе ми треба многу време и многу материјал, односно на читателот ќе му стане досадно. Решив читателот да го активирам, да размислува за тоа што го гледа. Како? Преку фотографија. Фотографиите се неизбежен дел од нашето секојдневие. Постојано правиме фотографии кои сакаме да ги зачуваме како убави спомени во албумот на животот. На 20 декември 2018 година, на роденденот на мојот син, тргнав со фотоапаратот од Чинарон, по замислената патека да фотографирам. Очите ми беа мојот фотоапарат, што гледав тоа сликав. Направив многу фотографии сé додека не дојдов до посакуваниот ефект. Ни најдобрите фотографи не можат да направат добра фотографија со само еден обид. Исто така, не постои совршен момент за да се направи добра фотографија. Не чекав. Моментите се секогаш околу нас, треба само да ги уловиме. Во еден акт ја поминав замислената тура и си дојдов до Чинарот. Фотографијата е знак на времето. Со неа се занимавам од мојата десетта година. Да се запамети она што не опкружува, да ни остави парче паметење во нашите сетила. Фотографирањето е чин кој не тера да ги забележиме или засекогаш да ги овековечиме предметите, луѓето и состојбите, со еден специфичен поглед за да бидат запаметени и зачувани, да останат како сведоци за времето што го отсликуваат, вели Миќуновиќ. 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 133
Share
Previous Post

„Имам нешто да ти кажам“ – настан за сите вљубеници во поезијата

Next Post

Во Холандија идентификувано дело на фламанскиот сликар Рубенс

Next Post
Во Холандија идентификувано дело на фламанскиот сликар Рубенс

Во Холандија идентификувано дело на фламанскиот сликар Рубенс

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 133

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk