
Учениците од ООУ “Св. Наум Охридски”, подрачно училиште во с. Коњско , беа дел од интернационалниот проект „Магична мрежа на пријателство“ што го основа наставничката од Србија, Жељана Радојчич Лукиќ, финалистка на Глобалната награда за наставници ( Global teacher prize).
Различните проектни активности придонесоа во фокус да се вратат човечките доблести и да им се помогне на децата тие да ги препознаваат, надградуваат, негуваат и вреднуваат на вистински начин.

Во изминатиот период го завршивме петтиот модул, кој беше насочен кон подигнување на свеста кај учениците за доблестите : љубопитност, самодоверба, одговорност, доверба, оригиналност, креативност, снаодливост, упорност, одлучност. Во овој проект учествуваат околу 1 900 наставници ширум светот, децата и наставниците учеа едни за други, но и учествуваат во конкретни цели преку четирите столбови на образованието дефинирани од Меѓународната комисија за образование на 21 век: учам да знам, учам да работам, учам да живеам заедно со другите и учам да бидам развиена личност.

Целта на проектот е и остварување на развојната SDG 4 од вкупно 17 развојни цели на UN.
Со задоволство ќе истакнам дека учениците одговорно и со голема желба ги прифатија сите 9 задачи , реализира активности со кои придонесоа подигнување на повисоко ниво на овие социјални вештини.

Во нашето училиште во центарот на вниманието се учениците, па затоа континуиран се изнаоѓаат различни активности со кои се подобрува образовниот процес и се олеснува учењето.
Координатор на активностите во училиштетo:
Наставник – ментор: Лила Каранфиловска
Публицитет.мк







