Денес учениците од четвртите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ имаа можност да бидат вклучени во едукативната и иновативна програма на „Вип“ : „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно…“.
Преку интерактивно и интересно предавање приспособено на нивната возраст и образовната програма вработените на Вип успеаја да ги упатат учениците како безбедно да го користат интернетот. Имено, учениците на ова предавање ги збогатија своите знаења за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, и притоа како да ги заштитат своите лични податоци. На сите ученици им беа доделени ранчиња како и брошурата: „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно…“.
Оваа програма се реализира во соработка со Министерството за образование и Бирото за развој на образованието, велат од ОУ „Григор Прличев“- Охрид.
Публицитет.мк