Втор гостин во новата – втора сезона на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ утре по 23 часот е поп дивата Маја Оџаклиевска.
Интервјуто е правено неколку часа пред нејзината шоу програма на фестивалот „Охрид фест“ на две локации пред хотелот „Александрија“ и во култниот „Аквариус“ таму продолжи дружбата.
Новинарот и водител на интервјуто Милчо Јованоски вели дека овој пат слушателите ќе запознаат една нова, поинаква Маја – сосема спокојна, смирена и емотивно разгалена ( како езерото во кое без престан гледаше додека разговаравме).
Се тркалаат сеќавања, како истоимената песна на Кире Костов чиј спот е снимен токму на пристаништето во Охрид . За тоа како и дали Маја се сеќава кога започнала нејзината соработка со Григор Копров. Ни раскажа како настанале редица нивни заеднички песни.
За мајчинството, ќерките и внукот, за наградите и нејзиниот однос кон музиката. за тоа како изгледа еден нејзин обичен ден.
Маја, отворено зборува за мажите во нејзиниот живот, за Бора Чорба и нивниот заеднички живот од кои како спомен има и неколку негови песни, за турнеите и настапите по Јадранот и светот.
За одењата и враќата во македонија, за Белград како еден космополитски град…
Се редат анегдоти, многу заразна смеа а богами и тешки воздишки кога Маја ги открива најтешките периоди од нејзиниот живот…
Публицитет.мк