Според извештајот објавен во магазинот “Neurology”, најстресната работа е онаа како келнер/келнерка. За разлика од тоа, најмалку стрес имаат научниците и архитектите, како и оние кои имаат “пасивни” професии како домар, рудар и физички работник.
Иако повеќето би очекувале дека најстресна работа би била онаа на неврохирурзите, докторите или рударите, новата студија покажа дека всушност оние професии кои се потценети, како што е работата како келнер, се најстресни и предизвикуваат најголеми проблеми со здравјето.
Кинеските научници тврдат дека овие работници имаат 58% поголем ризик од срцеви заболувања, а почесто заболуваат и од мозочен удар, предизвикан од блокирање на протокот на крв.
Студијата покажа дека личностите кои извршуваат многу стресни работи помалку се грижат за себе и често ги избегнуваат проблемите.
Научниците велат дека стесот најмногу зависи од чувството на контрола и почит. Иако докторите, учителите и сличните професии имаат ментално потешка работа, тие се чувствуваат почитувано и поради тоа не се под толку голем стрес. Спротивно на тоа, работите во услужната дејност најчесто не се ценети, па предизвикуваат најголем стрес.
Извор: zazabava.com






