Иако Италија спаѓа меѓу најрзвиените земји, нејзиниот раст со години стагнира и речиси 40 проценти од младите се невработени. Сепак тоа не им смета да бидат најздравиот народ на светот.
Последното истражување на Блумберг за здравствената состојба на сите нации покажало дека токму жителите на Апенинскиот полуостров живеат најздраво.
Во истражувањето спроведено на 163 земји направена е табела за „здравствените ризици“ која ги мери факторите на однесување кои негативно влијаат на здравјето (како пушењето, дебелината и тн.), како и надворешните фактори (загадувањето, недостаток на вода за пиење). Конечниот резултат покажал дека Италијаните се најздрави.
На пример, Италијаните се во подобра здравствена состојба од Американците, Канаѓаните и Британците, кои страдаат од висок крвен притисок, холестерол и имаат полошо ментално здравје. Дете родено во Италија може да се очекува дека ќе доживее осумдесет години.
Една од причините за ваквата состојба е и нивната медитеранска кујна. Исхраната богата со свежо овошје и зеленчук, маслиново масло, риба, умерена количина на вино, се покажале како одличен рецепт против стресниот живот.
Покрај Италија, во првите пет замји според овој индекс се наоѓаат Исланд, Швајцарија, Сингапур и Австралија.
Македонија се наоѓа на 44-тото место.
На листата подолу се прикажани првите 50 земји според овој индекс.
Извор: www.enauka.mk