• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Фантони и пијанистот Мартано

јули 30, 2021
in Култура
Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Фантони и пијанистот Мартано

Во рамки на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“  вечерва ќе настапат тенорот Алесандро Фантони и пијанистот Џорџо Мартано.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

ALESSANDRO FANTONI 1535 1

Алесандро Фантони е роден во Џенова, студирал на Академијата за опера при операта во Цирих, Швајцарија, а се усовршувал со Роберто Сервиле. Дебитирал покрај него како Габриеле Адорно во  „Симоне Боканегра“ и Исмаеле во „Набуко“ во операта во Пјаченца. Првото интернационално деби на Фантони е во Данската национална опера во Архус каде на сцената исполнува повеќе главни улоги од италијанскиот репертоар. Неговите улоги ги вклучуваат повеќето тенорски ликови од „железниот“ репертоар кои ги изведува под диригентските палки на Фабио Луизи, Нело Санти, Марко Армилато, во продукции режирани од Бери Коски, Гриша Асагароф и др. Во изминатите сезони настапува во Куќата на музиката во Москва, во театарот „Карло Феличе“ во Џенова, во Арена ди Верона и театарот „Сан Карло“. Поддружуван е од Фондацијата која го носи името на Лучано Павароти, а концертно ја изведува тенорската партија во Деветтата симфонија на Бетовен во Токио, и Росиниевата „Мала света миса“ во Марсеј. Алесандро Фантони е добитник на повеќе награди на натпревари за соло-пеење во Италија.

00001042

Џорџо Мартано е пијанист и чембалист. Студира и дипломира во Италија, а за време на студиите се стекнува со искуство како корепетитор на соло пејачи со особен афинитет кон лирскиот репертоар. Како репетитор се здобива со диплима од Академијата на Миланската скала, каде корепетира и работи на проби како музички асистент на повеќе продукции, а соработува и со балетскиот ансамбл како музички соработник. Во 2012 година по пат на аудиција е ангажиран во Театарот во Комо каде и денес  работи, додека пак во 2014 година остварува соработка со театарот „Станиславски“ во Москва.  Во 2015 година е избран за репетитор во театарот „Џузепе Верди“ во Трст, а истата година победува на аудицијата за продукцијата на Академијата во Равена која ја диригира Рикардо Мути.  Од 2015 година соработува и со оперските куќи во Дубаи и Оман. Од особено значење за Мартано се едукативните проекти за најмладите, па така тој соработува во повќе продукции кои се инспирирани од лирскиот оперски репертоар, а се наменети за деца од различни возрасти.

Публицитет.мк

Посетеност: 99
Share
Previous Post

Маестрална изведба на високиот барок со „Teatro alla Moda“

Next Post

Градоначалникот Георгиески ги образложи деталите околу ребалансот на општинскиот буџет

Next Post
Градоначалникот Георгиески ги образложи деталите околу ребалансот на општинскиот буџет

Градоначалникот Георгиески ги образложи деталите околу ребалансот на општинскиот буџет

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 99

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk