• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Од Ватикан стигна наградата „Микеланџело“ за нашиот уметник Јордан Манасијески

декември 18, 2015
in На минување

 

Деновиве познатиот охридски уметник  Јордан Манасијески во колекцијата престижни награди кои ги добива по светот ја  вреди и наградата „Микелнаџело“ што во чест на јубилејот 500 години  од изработка на скулптурата „Мојсеј” од Микеланџело Буонароти им се доделува на одредени  современи автори кои што оставаат значаен белег во светската уметност.

nagrada copy copy

Љупчо Жупаноски, сопственик на галеријата „Букефал“ кој е застапник и промотор на делото на Манасијески во интервју за Публицитет. мк вели: -Наградата ја доделуваат италијанската критика RUSSO, Efeeto Arte , и издавачката куќа Serradifalco, а чинот на доделувањето се случи во  палатата „Cardinal Cesi”, во Ватикан.

ljupco zupan

Дека ништо не е случајнио и дека се е плод на високите естетски и универзлни вредности на сликарството на Манасијевски кое во себе содржи куп пораки сведочи и дел од критиката на познатиот Салваторе Русо објавена во списанието за уметност “ОверАрт”: 

 -Моќен ракопис. Креативна енергија. Динамика која како знак никогаш не е статична.Овие се основните карактеристики на сликарството на Јордан Манасијески.Сликар кој ги истражува мистериите на умот визуелно следејки го својот инстинкт. Одлична синтеза на симболи, збогатена со многу бараниот хроматизам ги карактеризира делата на Манасијески.Уметник чии визии ги поставуваат фундаментите на новата современа уметност, запишал  Русо. 

jordan   mikelandzelo

-Важно е што ова меѓународно признание за Манасијески  ја става македонската во врвот на современата светска уметност и насекаде каде што ги презентираме неговите дела во каталозите и во пишуваните документи стои Охрид, Македонија. Наградата ни ја донесе и поканата за учество , во 2016 година на „Триенале Ди Италија“, додава Жупаноски.

ljupco zupan 1

Со Жупаноски подробно разговаравме за уметноста на Манасијески и воопшто за работата на галеријата „Букефал“ која влегува во 18 година во која ќе се прогласи за полнолетна и допрва ја очекуваат  нови возбдуи докажувања во светот  на ументоста.  

 

Со клик на аудиото – слушнете го разговорот во целост. 

Со Љупчо Жупаноски, разговара Милчо Јованоски 

 

Посетеност: 64
Share
Previous Post

„Насмевка без кариес“ брошура од д-р стоматолог Кристина Стојаноска – Алоска, во издание на Црвен крст – Охрид.

Next Post

Повеќето од милијардерите од 1995-та година веќе не се милијардери

Next Post

Повеќето од милијардерите од 1995-та година веќе не се милијардери

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 64

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk