Од вчера на You tube е поставена нејзиното прво видео во продукција на Music Room – Охрид со преработка на хитот One Night Only – Jennifer Hudson.
Ивана е од Охрид има само 15 години, ученичка е во прва година во гимназија а вече три години е во светот на музиката. Својот раскошен талент за кој мнозина велат дека треба да го искористи досега го покажа на Талент шоуто OhridSUPERSTAR на арт фестивалот „Езерски бисери“ и фестивалот „Фолклорна бајка“ еднакво снаоѓајќи се во изведба на македонски народни песни.
Ивана а и ние со нетрпение ги очекуваме нејзината официјално прва песна и спот, кои се дел од наградниот фонд на охридското талент шоу одржано годинава. Што друго, освен Ивана, ти наше славејче пеј, а ние ти стискаме палци на патот до славата.
Публицитет.мк