• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Иванов: Да се спроведе договорот од Пржино

јануари 17, 2016
in Тикер

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, повторно ги повикува лидерите на политичките партии да покажат одговорност кон граѓаните на Република Македонија, кон нивните и интересите на државата и да стават крај на политичката криза која предолго не оптеретува. Политичкиот договор кој беше постигнат за таа цел има јасни рокови и обврски. Крајно време е доследно, без натамошно одолговлекување, да го спроведат политичкиот договор од Пржино.

Претседателот Иванов оценува дека е недозволиво несериозното однесување и немањето чувство за одговорност и државност. Не може да се избегнуваат обврските од договорот, а со тоа да се доведe во прашање европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и просперитетот на граѓаните на Република Македонија. 

Република Македонија, нашиот регион и Европа се соочуваат со сериозни предизвици. Она што најмалку ни е потребно денес е продлабочување на политичката криза.

Претседателот Иванов изразува благодарност за севкупниот ангажман на меѓународната заедница, особено на еврокомесарот Јоханес Хан  со цел спроведување на политичкиот договор, и ја поздравува подготвеноста на ЕУ за обезбедување на целосна поддршка и гарантирање на слободни и фер избори. 

Граѓаните на Република Македонија им ја дале довербата на политичките партии, не за да бидат заложници на нивните интереси и заложници на политички блокади, туку затоа што очекуваат партиите свесно и совесно да работат во интерес на државата. Граѓаните на Република Македонија очекуваат резултати, одржливи решенија и крај на оваа политичка криза.

Публицитет.мк 

Посетеност: 95
Share
Previous Post

ЧИЧАКОВСКИ: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ДО 24 АПРИЛ НЕ МОЖЕ ЦЕЛОСНО ДА СЕ ПРЕЧИСТИ

Next Post

Клуб 25 ќе ги мотивира граѓаните да станат крводарители во акцијата на Водици

Next Post

Клуб 25 ќе ги мотивира граѓаните да станат крводарители во акцијата на Водици

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 95

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk