Екипата на „Публицитет.мк“ деновиве на кампот „Ја сакам Македонија “ наменет за децата од дијапората се сретна и разговараше со Зорица Лазаревиќ, лектор и повремено новинар , како што ни рече самата во месечниот информативен магазин „Македонска виделина“ што излегува во Панчево, Србија.
„Македонска виделина “ излегува од 2006 година и неодамна беше отпечатен 100 број. Зорица по потекло е од Велес и вели дека полека се вклопува во магазинот и одблиску не запозна со неговите содржини. Зборувавме и за работата на над триесетте македонски здруженија низ Србија.
Ние изразивме, желба за соработка и размена на содржини и се надеваме дека тоа и ќе се случи. За почеток, тоа е кусото интервју со Зорица Лазаревиќ.
За да го слушнете интервјуто во целост, кликнете на линкот подолу.
М.Ј „Публицитет.мк“