Познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреески – Бакли веќе 10 години е во заслужена пензија.
-Иако, цели 43 години бев непосредно до камерите, во студио и најмногу на терен не се сеќавам дека сум дал интервју. Чудна работа микрофоните ми беа слабост и преку нив ја вадев егзистенцијата и многу работев, ама интервјуата со мене се бројат на прстите од едната рака, ни рече Бакли.
На минување Бакли ни кажа дека е единствениот жив сведок од техничкиот оддел кој ја формираше некогашна ТВ Скопје по земјотресот.
Цели десет години како тонец патувал по светот заедно со Тито во ист авион. Зад него се дури шест Олимписки игри, почнувајќи од Минхен на кои патувал како единствен тонец за сите РТВ центри од некогашна Југославија.
Средбата по охридските сокаци овој август го потсети Бакли на неговото учество во снимањето на многу музички емиисии крај езерото, како и на првата и веќе култна македонска, филмска комедија „Мирно лето“ на режисерот Османли.
– И денес, кога ќе ме викнат од некоја продукција, одам подработувам, кажува Бакли.
За „Публицитет.мк“ тој вели дека МТВ му е во срцето и дека преку работата во неа се изградил како личност и постигнал се’ во животот. – Ако не бев во МТВ немаше сигурно, денес да сум ова што сум, рече Варнава Андреески – Бакли .
Со клик на линкот подолу – слушнете го интервјуто во целост
М. Ј. / Публицитет.мк