• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Излезе „Глува река“ од Анастас Ќушкоски

октомври 1, 2015
in Култура

„Ирис“ од Струга неодамна ја издаде збирката раскази „Глува река“ од Анастас Ќушкоски од Вевчани.

-Моите посериозни обиди на литературен план беа токму со појавата на прозниот текст „Извор и краста“ во далечната 1978 година од него подоцна произлезе и истоимената драма.

Најновата книгата содржи 17 раскази поделени во два дела. Во првиот дел се расказите кои се притоки на една „Глува река“ чиј источник е во длабините на бигорните карпи на човековата душа, а свој залезник има во океанот на тишината. Вториот дел се мои кратки раскази со универзална тематика, таканаречени „Трагијатури за филм и пијано.Овие продуховени скици ја отсликуваат апсурдноста со која човекот се соочува во својот врамен тек на современиот живот, изјави авторот за „Публицитет.мк“

gluva 1

Збирката раскази е збогатена со фотографски записи од фототеката на авторот, нераскинливо поврзани со тематската содржина.

Анастас Ќушкоски е роден 1942 година во  Вевчани и има завршено Економски факултет. Тој е еден од ретките поливалентни автори со комплексно и разновидно творештво. За него не постојат граници во уметничкото изразување . Во јавноста е познат како драмски автор,поет, раскажувач, истражувач,публицист, сценарист, режисер и пасиониран фотограф. Зад него се петанесет книги од кои дел во себе содржат научно – истражувачко творештво сврзано со печалбарството, светилиштата и лингвистиката во неговата постојана инспирација родното Вевчани.

                                                                         gluva reka

Ќушкоски е член на повеќе асоцијации и здруженија меѓу кои и на Друштвото на писателите на Македонија. За одделни проекти е добитник на повеќе награди и признанија.

М. Јованоски / Публицитет.мк 

Посетеност: 157
Share
Previous Post

Што значи да се биде човек?

Next Post

Охридската резба и бакрорез претставени во Синаја , Романија

Next Post

Охридската резба и бакрорез претставени во Синаја , Романија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 157

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk