• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Охридската резба и бакрорез претставени во Синаја , Романија

октомври 2, 2015
in На минување

Неодамна Сања Фармаковски и Данче Наумоска со свои дела изработени во длаборез и бакрорез го претставуваа Охрид на Меѓународната уметничка работилница „Културна разновиднсот “ одржана во градот Синаја , Романија.

Сега кога впечатоците им се средија обете за „Публицитет.мк велат дека се среќни што беа дел од овој настан. Не го кријат задоволството од организацијата на работилницата финансиски поддржана од фондовите на Европската унија и на дружбата со креативци од земјата домаќин Романија, но и со претставници од Турција и Велика Британија.

sanja so deca

Општина Охрид има веќе воспоставени и блиски контакти со градот Синаја кој е во близина на Букурешт. Не поканаа нас две да учествуваме во овој проект кој во суштина беше промоција на занаетите и нивното зачувување во живот, вели Фармаковски:

 -Во Синаја во организација на тамошниот културен центар „Кармен Силва“ имаше место за грнчари,  за стаклари кои рачно изработуваа стаклото и на лице место обликуваа малечки украсни фигури кои подоцна беа изложени како сувенири. Филигранот беше неизбежен,а посебно беше  атрактивен човекот кој својот уметнички израз го практицираше  резбајќи коски. Дел од колегите мајстори ги вратија  во живот ниските троножни столчиња а изработуваа и други ситници.

                                                                                                     sanja bakrorez

– На отворените штандови во градскиот парк работевме пред очите на учениците од основните и средни училишта од Синаја кои доаѓаа организирано да не посетат, како и пред љубопитните граѓани. Работевме и се трудевме да им објасниме во што се состои тајната на нашите занаети и што во суштина тие значат на пример за нас во Охрид и Македонијани вели Данче Наумоска.

–  Се’ што таму изработивме ќе остане во сопственост на домаќинот – градот Синаја како дел од постојаната поставка од манифестацијата, Мене посебно ме импресионираше фактот што секојдневно покрај нас беа штитениците од Домот за деца без родители, за кои се гледаше дека таму за тие деца се води посебна грижа. Тие гледаа и нивните ментори го следеа нивниот интерес од кој некој можеби ќе одбере да го учи занатетот што му се допаднал. Но иас учев од то ашто го гледав бев љубопитна и се надевам дека дел од тоа што ме привлекуваше ќе можам да го применувам, вели Сања.  Таа дала изјава и за Националниот ТВ канал а домаќините веќе им испратија и видео материјал кој еве подлу може да се види целиот тек на работилницата.

zaedno copy

Двете понесени од она што го виделе, но и жалната слика на старите занаети во Охрид и дуќаните кои полека еден по еден се затвораат препорачуваат да се направи нешто слично и кај нас и преку работилници да се заинтересираат децата за одреден занает од кој подоцна  можеби ќе можат и да живеат.

Сања Фармаковски пред романската јавност се претстави со резба во дрво со ликот на Св.Никола, а Данче Наумоска со релјеф – орнамент од ореолот на Св.Богородица, мотив од црквата Богородица Перивлептос.

 

 

Данче бакрорезот како занает го наследила од татко и’ и има свој дуќан по улицата „Гоце Делчев“ во населбата  Кошишта а резбарското атеље Фармаковски е лоцирано по охридското корзо над истоимената слаткарница.  

Публицитет.мк 

Посетеност: 109
Share
Previous Post

Излезе „Глува река“ од Анастас Ќушкоски

Next Post

Градоначалникот Бакрачески на прием во чест на Денот на германското обединување

Next Post

Градоначалникот Бакрачески на прием во чест на Денот на германското обединување

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 109

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk