• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Изложбата „100 години Требениште“ од март до крајот на август

февруари 11, 2019
in Тикер
Изложбата „100 години Требениште“ од март до крајот на август

Веројатно ова е најпосакуваната, најочекуваната и најзначајната изложба за македонската, балканската и европската археологија, рече Горан Санев, директор на Археолошкиот музеј на Македонија.

Долго мечтаевме оваа изложба да стане реалност. Сè уште не знам дали се сите свесни што постигнавме. Тоа што илјадници години беше под земја, а пред 100 години го разединивме, денес повторно се обединува, рече меѓу другото Татјана Цветичанин, археолог на Народниот музеј од Белград, на денешната прес-конференција во Археолошкиот музеј на Македонија, на која беше најавена големата изложба „100 години Требениште“. На изложбата, која ќе биде отворена во Скопје на почетокот од март и ќе трае до август, првпат на едно место ќе бидат изложени скапоцените предмети од охридските некрополи од Требениште и Горна порта, кои денес се во сопственост на Македонија, Бугарија и на Србија.

– Веројатно ова е најпосакуваната, најочекуваната и најзначајната изложба за македонската, балканската и европската археологија – рече Горан Санев, директор на Археолошкиот музеј на Македонија. 

Пред многубројната публика се обратија и Христо Попов, директор на Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија, авторите на изложбата Перо Арџанлиев, Вера Крстиќ и Крсто Чукалев, редакторите на изложбата Александра Папазовска и Татјана Цветичанин.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 400 предмети од колекциите на трите музеи, заедно со Заводот и музеј од Охрид. 
Воедно беше промовиран и ексклузивниот каталог во кој се поместени текстови од 26 автори и фотографии од сите предмети што ќе бидат дел од изложбата.
По Скопје, таа ќе биде поместена во Белград и во Софија, а веќе за неа се интересираат најголемите музеи во Париз, Виена и во Берлин. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 117
Share
Previous Post

Во Лондон доделени наградите „Бафта“

Next Post

Премиерот Заев на средба со членовите на ДИК пред претседателските и локалните избори во Охрид, Дебар и Ново Село

Next Post
Премиерот Заев на средба со членовите на ДИК пред претседателските и локалните избори во Охрид, Дебар и Ново Село

Премиерот Заев на средба со членовите на ДИК пред претседателските и локалните избори во Охрид, Дебар и Ново Село

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk