• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Во Лондон доделени наградите „Бафта“

февруари 11, 2019
in Филмољубие
Во Лондон доделени наградите „Бафта“

Во неделата во Лондон на свечена церемонија по 72 пат беа доделени националните филмски награди на Британска Академија за филмска и телевизиска уметност БАФТА.

Историјата вели дека наградата на Британската академија за филмска и телевизиска уметност се доделува од 1948 година на меѓународни и британски филмови и филмски творци кои се прикажани во текот на изминатата календарска година во Обединетото Кралство.Наградата важи како споредба со Оскарот и за најголема британска филмска награда.Се доделува секој февруари иако до 2000 година се доделуваше во март, април а извесен период и во мај, односно по доделувањето на наградите Оскар што за многумина беше неприфатливо од причина што наградите Бафта ги добиваа остварувања кои веќе беа наградени со Оскар со што нејзината  вредност се девалвира. Сега, ситуацијата е сосема поинаква па оние 6000 членови на академијата кои го даваат својот глас за најдобрите, вреди повеќе бидејќи ситуацијата е обратна- односно сега наградата Бафта е еден од показателите колку биле во право при својот избор на најдобрите како што се случува со останатите филмски награди на разноразните здруженија на продуценти, актери , режисери и така натака.

Инаку, наградите Бафта се доделуваат во категориите за филм ,филмските творци и специјални и почесни награди.

Годинешната церемонија се одржа во неделата на 10.февруари во Ројал Алберт Хол во присуство на Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Домаќин на церемонијата како и во изминатата година беше англиската актерка Џоана Лумли.

   baf                   

И веднаш мора да се каже дека со седум освоени награди Бафта триумфираше филмот „ Омилената“ ,драма во режија на гркот  Јоргос Лантимос. Филмот имаше најмногу номинации, вкупно 12.Нему му припаднаа наградите Бафта  во категориите најдобар англиски филм, најдобра женска улога за актерката Оливија Колман, најдобра споредна женска улога за Рејчел Вајс,потоа во категоријата најдобро оригинално сценарио, најдобра продукција, шминка и костимографија.

Многумина очекуваа дека филмот на Лантимос ќе ја освои и наградата за најдобар филм но тоа не случи. Оваа година наградата Бафта за најдобар филм ја освои мексиканскиот филм „ Рома“ на режисерот Алфонс Куарон кој ја освои и наградата во категоријата најдобар режисер а филмот ја освои и наградата за најдобар странски филм. Четвртата награда Бафта филмот ја освои во категоријата најдобар кинематографер.

Наградата Бафта за најдобра машка улога му припадна на актерот Рами Малек за улогата во филмот „ Боемска рапсодија“ во кој го толкува ликот на фронтменот на групата „ Квин“ – Фреди Меркјури.Втората Бафта филмот ја освои во категоријата најдобар звук.

За најдобра споредн машка улога наградата Бафта ја освои актерот Махершала Али за улогата во филмот „ Зелената книга“.

Во категоријата за најдобра оригинална музика , наградата за првпат и припадна на еден женски автор, тоа е Лејди Гага која оваа награда ја сподели заедно Бредли Купер и Лукас Нелзон. Тоа воедно беше и единствената награда за филмот „ Ѕвездата е родена“ кој имаше дури седум номинации.

За најдобар анимиран филм за 2018 година наградата Бафта ја освои компјутерски анимираниот филм “ Спајдермен:Во стилот на пајакот“.

Кој од годинешните добитници на наградите Бафта наскоро ќе се закити со најпрестижната награда Оскар, останува да почекаме до 24 февруари.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 110
Share
Previous Post

Почина писателот Методија Фотев

Next Post

Изложбата „100 години Требениште“ од март до крајот на август

Next Post
Изложбата „100 години Требениште“ од март до крајот на август

Изложбата „100 години Требениште“ од март до крајот на август

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 110

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk