Американецот Дотан Ненгрин дал отказ на своето работно место и решил да тргне на пат околу светот, при што со себе ги понел неговите „две најважни работи“ – пијаното и кучето Брандом.
Дотан бил незадоволен од работата што ја работел, а сакал да го види, светот.
Дотан и Брандом за пет години посетиле повеќе од 300 градови и 21 земја. Тие двајца ги забавувале луѓето ширум светот, како во Америка, така и во Европа.
Ненгрин набавил камион преку сајтот „Ибеј“, со кој го транспортирал пијаното од земја во земја. Тој вели дека запознал повеќе од десет илјади луѓе и дека видел градови за кој порано немал време и можности.
– Споив се што сакам кога е во прашање овој живот: патувања, музика, настапи и запознавање луѓе. Сепак, ваквиот живот умее да биде многу компликуван, затоа што не е лесно да пренесуваш пијано. Еднаш ми падна на раката и ги скршив двата прсти, раскажува Дотан за своите доживувања.
Извор: Идивиди.мк