За да ги ублажи загубите предизвикани од пандемијата од коронавирус, јапонскиот авиопревозник “Nippon Airways” одлучил своите приземјени авиони да ги претвори во „ресторани“ во кои се служат луксузни оброци.
Компанијата им нуди на „патниците“ гости првокласни места во бизнис класа и оброк од 540 долари, како и места во економската класа и оброк со половина од оваа цена во авион Боинг 777 паркиран на аеродромот Ханеда во Токио, таканаречен „Крилест ресторан“.
Гостите однапред мора да изберат јапонско или интернационално мени. Како главно јадење се служи риба, динстано говедско, тофи и слично.
“Nippon Airways” овој месец ќе понуди 22 ручеци и вечери, а престојот во авион ќе трае околу три часа. Во текот на такавиканиот „приземјен лет“ не е предвидена забавна програма.
Пандемијата ја втурна воздухопловната индустрија во најтешка криза зашто поголемиот број авиони ширум светот останаа приземјени заради ограничените патувања што ги наметна ковид-19. Но здравствената криза ги натера некои авиокомпании во светот креативно да размислуваат и да најдат начини како да ги пополнат празните авиони.
Публицитет.мк