Денес ,настапува есента која ,календарски ќе трае до 21 .декември кога настапува календарската зима.
Есента е едно од најубавите годишни времиња кое е вечна инспирација за уметниците особено за поетите и сликарите.Така, за есента свои стихови напишале најпознатите поети како: Иво Андриќ, Гете, Жданов,Јован јовановиќ- Змај,Мирослав Крлежа, Габриел Гарсија Маркес,Борис Пастернак,Пушкин но и нашиот Анте Поповски.
Есента е такаречи неизбежна тема на најпознатите сликари и фотографи заради својата изразита колоритност а есента е инспирација и за могу познати филмски остварувања.
Посебна инспирација есента преставува за музичарите кои имаат напишано и испеано голем број на песни посветени на ова годишно време.
Една од најубавите песни на оваа тема секако е онаа на хрватската група „Парни ваљак“насловена како „Есен во мене“ напишана од водачот на групата Хусеин Хасанефендиќ – Хус во 1987 година која била дел од албумот „Ангелите се досадуваат“.
Интересно е да се спомене дека песната за првпат била објавена во 1985 година на компилацијата „Ју Рок Мисија За Милион Години“. По ова следувала мошне успешна турнеа „Есен во мене“која била завршена во мај 1988 година со голем бесплатен концерт кој бил одржан на тогашниот„ Плоштад на Републиката “ (сегашниот Плоштад на Бан Јелачиќ)на кој присуствувале близу 100 000 љубители на нивната музика.Од таа нивна турнеа „Југотон“ објавил видео касета именувана како „Концерт“ која ја содржи и снимката од концертот на групата кој бил одржан во Домот на спортовите во Загреб на 23.декември 1987 година , кој според многумина важи за еден од најдобрите концерти во кариерата на оваа група.
Потсетување, дека групата „Парни ваљак“е основана во 1975 година по распадот на групата 220. Таа е на сцената и ден денес, со една малечка пауза во 1988 година и четиригодишната пауза од 2005 до 2009 година. Во првата постава музицирале Хусеин Хасанефендиќ – Хус (соло гитара, акустични гитари и вокал), Аки Рахимовски (вокал , клавијатури), Среќко Антониоли (тапани, удиралки и пратечки вокал), Златко Микшиќ „Фума“ (бас гитара) и Јурица Паѓен (соло гитара, акустични гитари и вокал).Многумина создавањето на оваа хрватска група, која е една од покренувачите на бранот на рок и поп-рок групи во Хрватска и остатокот на некогашна Југославија,го сметаа како одговор на тогаш мошне популарната група „Бијело дугме“.
Заштитен и препознатлив бренд на групата секако се Хусеин Хасданефендиќ – Хус и вокалистот Аки Рахимовски препознатлив по својот спцифичен глас и изведба.
Песната „ Есен во мене“ според многумина е една од најубавите песни на оваа група која ја краси прекрасната музика, извонредните стихови и незаборавната вокална изведба на Аки Рахимовски.
Есента во мене тагува
Затоа што сонувам чемпреси
Моите патишта не водат никаде
Есента во мене царува
Ниту сонцето не може
Не може низ облаците
Рано моја ,еј…
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк