• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Награди на филмски фестивали – Од Торонто до Битола

септември 22, 2021
in Филмољубие
Награди на филмски фестивали – Од Торонто до Битола

Синоќа во Битола во центарот за култура беше одржана церемонијата на доделувањето на наградите на најдобрите во рамките на 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Во неделата во Торонто заврши 46. Издание на Меѓународниот филмски фестивал со прогласување на победниците.

242061148 6546416708734085 8449917235835510236 n

42.ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“ – НАГРАДИ

Синоќа на свечена церемонија која беше одржана во Центарот за култура во Битола беа обелоденети добитниците на наградите на годинешниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој оваа година се одржа по 42 пат под мотото „И покрај се’„ кое во себе ја содржеше многу симболика за големите напори на организаторите ,и покрај се’, да го одржат годинешното издание на овој најстар филмски фестивал на кој се вреднува трудот на кинематограферите.

242606464 6581717378537351 2199615766403834525 n242663679 6581718021870620 8449174020003047691 n242703547 6581719661870456 4346240441472398963 n

Фестивалот се одржа во скратена форма ,како временски така и програмски, со примена на сите мерки за заштита од Ковид  пропишани од Министерството за здравство. Организаторите на фестивалот , предводени од новиот директор , Мони Дамевски, направија големи напори фестивалот да го одржи нивото на предходните фестивали во рамките на сите ограничувања и да воведе некои новини кои во иднина сигурно ќе ги има повеќе со што фестивалот ќе биде уште подобар.

Оваа година во натпреварувачката програма беа 10 филмови со изедначен квалитет кои беа селектирани од новиот селектор Слаѓан Пенев. Жирито предводено од Суки Меденчевиќ имаше мошне тешка задача кому да ги додели престижните награди.

Еве ги нивните одлуки:

242550071 6581716851870737 2419133486332483123 nm5

„Бронзената камера 300“ ја доби кинематограферот РУБЕН ИМПЕНС за филмот „Титаниум“ . Во одлуката за наградата жирито ќе рече дека кинематограферот ја заслужил наградата заради бруталниот контраст меѓу вознемирувачката дистописка приказна и нејзиното високо естетизиран визуелен стил.

Добитникот на наградата се заблагодари преку видео  порака во која се заблагодарува на жирито кое ја препознало неговата работа и изрази жалење што не бил присутен во Битола.

242663282 6581716801870742 8034218199549985083 nm13

„Сребрената камера 300“отиде во рацете на кинематограферот КАСПЕР ТУКСЕН за филмот „Најлошата личност во светот“.Наградата ,според жирито , ја добил заради деликатната камера која не приближува до ликовите кои се добро позиционирани во урбаниот пејзаж на Осло.

„Му благодарам на жирито и на режисерот на филмот Јоаким Трир. Беше задоволство да се работи на овој филм“ рече меѓу другото во својата видео порака добитникот на наградата.

Добитниците на наградите ги сооппштуваа членовите на жирито. Честа да го соопшти добитникот на главната награда„Златна камера 300“ ја имаше председателот на годинешното жири Суки Меденчевиќ кој пред да го соопшти името на добитникот рече:

„Многу е убаво кога може да се види како самите кинематографери признаваат дека работите се дел од тимски напор и дека кинематограферот е налик на диригент кој раководи оркестар и дава ритам.“

242529396 6581717095204046 3021323259891501887 nm8

Добитник на „Златна камера 300“ е ЈАНИ –ПЕТЕРИ ПАСИ за филмот „Купе број 6“соопшти председателот . Наградата според жирито му се доделува за деликатниот и осетлив начин на кој камерата ја понесува публиката на лудото патување на хероината од Москва до смрзнатиот север.

Лауреатот Паси исто така во видео порака рече дека иако веќе ја има добиено оваа награда, толку многу се возбудил кога му му ја соопштиле веста , што се разбудил среде ноќ и останал буден до изуртината.„ Голема чест е да се биде награден на фестивалот во Битола кој е посветен на кинематограферите.Се надевам дека ќе се видиме следната година“ порача во видео пораката лауреатот Паси.

242545337 6581716358537453 676979909888100511 n

Добитник на наградата „Мала камера 300“ за краток филм стана кинематограферката Жоана Силва Фернандеж за филмот „Магла“ за смелото , интиутивно , но истовремено минималистичко користење на визуелното раскажување.

Во својата видео порака таа порача: „Навистина сум почестена и среќна што ми е доделена оваа награда токму на фестивалот каде се слави работата на кинематограферите. Снимањето на филмот беше интересен процес како на некое патување. Благодарам на фестивалот „Браќа Манаки“ и се надевам дека ќе се видиме следната година.“

242510999 6581718885203867 100871050437085482 n242529634 6581716081870814 383622674878417122 n

По сопштувањето на наградите , селекторот на фестивалот , Слаѓан Пенев ја најави проекцијата на филмот „Титаниум“ во режија на Џулија Дукурно и наградениот кинематографер , Рубен Импенс , со што заврши годинешното издание на фестивалот во Битола.

TIFF 21

46. МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ТОРОНТО

 НАГРАДИ

Еден од најпопуларните меѓународни филмски фестивали во Северна Америка , секако е оној кој веќе 46 години по ред се одржува во Торонто. Заради пандемијата од Ковид -19  годинешниот фестивал преставуваше мешавина на физички  и дигитални кино проекции.

Уметничкиот директор на фестивалот Камерон Бејли пред почетокот на фестивалот посочи дека годинешниот фестивал нема да биде како минатогодишниот но нема да биде и како оној на кој навикнала публиката пред појавата на пандемијата. Годинешната програма вклучи 100 филмови а тука беше и специјалната ретоспектива на филмови на канадскиот документарист Аланис Обомсавин.

Физичките проекции на филмовите беа одржани во салите „Принцезата од Велс“ и Рој Томсон Хил а дигиталните проекции се одржаа на платформата на Торонто фестивалот.За првпат оваа година фестивалот одржа и голем број на сателитски проекции во други градови на Канада.

Dear evan hansen film poster

Фестивалот беше отворен на 9.септември со амариканската музичка тинејџерска драма „Почитуван Евон Хенсен “во режија на Стивен Чбоски , која говори за полнолетството . Во филмот главните улоги ги толкуваат:Ејми Адамс, Џулиен Мур, Кетлин Девер , Аманда Стенберг…

One Second film

На затворањето на фестивалот на 18. Септември беше прикажана кинеската драма „Една секунда “ на режисерот Занг Јимоу.Филмот ја раскажува приказната за еден човек кој избегал од една фарма –затвор, за време на Културната револуција.Интересно е да се спомене дека филмот бил избран во натпреварувачката програма на 69. Меѓународен филмски фестивал во Берлин во 2019 година, но бил повлечен непосредно пред прикажувањето со официјално објаснување дека филмот е повлечен заради технички потешкотии за време на пост- продукцијата, но критичарите се сомневаат дека причината е политички мотивирана цензура.

Вообичаено филмовитена фестивалот беа прераспределени во повеќе филмски прогами. Така, „Гала презентацијата“ содржеше 15 филмови во режија на неколку познати светски решисери како: Јокаим Трир, Бери Левинсон, Мелани Лоран, Едгар Рајт, Кенет Брана и други.

Во „Специјалната програма “беа прикажани 30 филмови од сите страни на светот од кои некои прикажани на познати филмски фестивали од почетокот на оваа година до септември. Тука беа прикажани најновите филмови на режисерите Навид Лапид, Бруно Думон, Ентони Фукуа, Марија Шредер, Џејн Кемпион, Илдико Енеди, Нишел Франко , Нани Морети…

Програмата „Специјални настани“ ги понуди фимовите „Дина“ на Денис Вилнев,„Херој“ на Асгар Фархади, „Меморија“ на Аличаптонг Верасетакул,„Господинот Кнеф“ на Стивен Содерберг, „Спенсер “на Пабло Лорен…

Во програмата „Современо светско кино“ беа прикажани 25 филмови меѓу кои и филмот „Мурина“ на режисерката Антоанета Аламат –Кусијановиќ, добитник на награди на фестивалите во Кан и Пула.

Програмата „Документи на ТФФ 3“ содржеше избор од 14 документарни филмови од цел свет а програмата “Откривање“ престави 16 дебитантски филмови од повеќе земји на светот меѓу кои и филмот „Игра“, дебитантскиот филм на српската режисерка Ана Лазаревиќ.

На денот на завршувањето на фестивалот беа објавени и имињата на наградените.Еве некои од нив:

tor1

Наградата по избор на публика му припадна на филм „Белфаст“ на режисерот Кенет Брана.Се работи за британско – ирски филм во кој главните улоги ги толуваат Кајтриона Балфе, Џуди Денч, Џереми Дорнан, Кјаран Хиндс, Колин Моргани дебитантот Џуд Хил.Според режисерот Брана, тоа е негов „најличен филм“ кој се фокусира на детството на едно младо момче среде бурата во Белфаст, Северна Ирска, во 1960 тите години од изминатиот век.

Награда по избор на публиката, прв второ пласиран за филмот „Скарборо“ на режисерите Шаша Нахаи и Рич Вилијамсон.Оваа канадска драма се фокусира на полнолетството на Бинг, Силви и Лора, три мали сиромашни деца во областа Скарборо во Торонто , додека ја учат вредноста на заедницата , страста и издржливоста во текот на една учебна година.

Награда по избор на публиката , второпласирана  за филмот „Моќта на кучето“ на режисерката Џејн Кемпион.Филмот е снимен според истоимениот роман на Томас Севиџ и премиерно беше прикажан на годинешниот фестивал во Венеција каде Џејн Кемпион ја освои наградата Сребрен Лав за најдобра режија. Во оваа семејна драма главните улоги ги толкуваат :Бенедикт Камбербач, Кирстен Данст, Џеси Племонс, Коди Смит –Мекфи…

Награда по избор на публиката од програмата „Полноќно Лудило“ за филмот „Титаниумот“ француски филм во режија на Џулија Дукурнау, годинешен победник на Канскиот филмски фестивал

Беа доделени и други награди во повеќе категории исклучиво по оизбор на гледачите.

На фестивалот беа доделени и неколку почесни награди и признанија кои се воведени во 2019 година со кои им се оддава почит на актерите и филмаџиите за истакнатите достигнувања во текот на нивната кариера.

На канадскиот режисер на документарни филмови Аланис Обомсавин му беше доделена наградара„ Џеф Скол“ а на режисерот Денис Вилнев наградата „Еберт“.

images copy copy copy copy copy copy copy

Актерските награди ги добија Џесика Честејн и Бенедикт Камбербач , додека пејачката Дион Ворвик ја доби наградата за животно дело.

Фестивалот во Торонто е мошне значаен за американските филмаџии за промоција на нивните најнови остварувања заради близината на Торонто до САД . За таа цел во годините наназад по црвениот килим на овој дестивал главни гости беа токму американските филмски ѕвезди. Но , по појавата на пандемијата нивното присуство е намалено.

Сите се надеваат дека догодина , можеби, се’ ќе си дојде на свое место.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 167
Share
Previous Post

„Јесен у мени“ Парни Ваљак

Next Post

Во Охрид за 24 часа 17 нови случаи со Ковид -19 , двајца оздравени и еден починат

Next Post
Во Охрид за 24 часа 17 нови случаи со Ковид -19 , двајца оздравени и еден починат

Во Охрид за 24 часа 17 нови случаи со Ковид -19 , двајца оздравени и еден починат

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 167

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk