
Сегашниот изглед со целокупната инфраструктура, постоечката фонтана и урбаната опрема на плоштадот „Крушевска Република“ не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање.
Ова денеска на прес-конференција го изјави Филип Јовановски , член на ВМРО – Народна партија, на која се презентира дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, д-р Константин Георгиески.
-Подготвено е идејно решение и во завршна фаза е Проектот за реконструкција на плоштадот. Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав амбиент за одмор и прошетка на охриѓани и туристите и место каде што ќе може поефикасно да се организираат настани и манифестации особено во текот на летната туристичка сезона. Со реконструкцијата се предвидуваат нови содржини кои ќе бидат во согласност со стандардите за заштита на културното наследство и една нова понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители, изјави Јовановски.
Според него, заложбите се јавните површини во Охрид да добијат современ лик достоен за еден туристички и културен центар.
– Плоштадот „Крушевска Република” е едно од најрепрезантативните места во Охридското централно подрачје и локалитет кој секојдневно има голема фреквенција на гости и туристи.Овој плоштад го означува почетокот на Охридската чаршија и го поврзува овој дел од градот со Главниот плоштад и Градскиот кеј на Охридското Езеро. На овој плоштад е лоциран и Охридскиот Чинар кој е многу важна охридска знаменитост и е една од главните атракции за гостите и туристите, рече Јовановски на денешната прес-конференција повикувајќи ги граѓаните, на 21 април да го заокружат бројот 7, и да ја дадат својата поддршка за кандидатот за градоначалник од СДСМ и здружената коалиција, д-р Константин Георгиески.
Публицитет.мк






