ЈП „Билјанини Извори“ следејќи ги пошироките потреби на нашето општество, во овој случај потребите на активно вработените во компаниите, институциите и организациите организира Бизнис лига во мал фудбал.
-Спортското фудбалско дружење претставува градење на тим во самата фирма или организација.Ние искрено се надеваме дека со учеството во Бизнис лигата во мал фудбал заеднички ќе успееме за еден чекор да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата, продуктивноста и желбата за работа кај учесниците а со тоа и вкупната клима во самите правни субјекти.
Ги покануваме сите фирми кои имаат можност за учество на Бизнис лигата во мал фудбал да се пријават најдоцна до 07. 02 ( среда ).
За условите за учество, начинот на пријавување сите заинтересирани можат да се информираат на телефонскиот број 078/261-164 ( Владо ).
Напомена, бројот на учесници е ограничен така што пријавувањето може да се заокружи и пред горе наведениот датум, велат од ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид.
Публицитет.мк