Оваа фотографија , неделава не претендира да биде најубавата. Преку неа само сакаме да потсетиме дека најубавиот залез на ривиерава е во Трпејца.
Веруваме дека со редакцискиот избор ќе се согласите и вие почитувани читатели. Да потсетиме дека во Трпејца наскоро од 20 до 28 јули ќе се одржи шестото издание на културно – забавната манифестација која всушност го слави зајдионцето а е насловена НА ЗАЈДИСОНЦЕ ВО ТРПЕЈЦА.
Организаторот, Здружението „За Трпејца со љубов“ соопштува дека програмата е финализирана и дека деновиве ќе биде обелоденета и ветуваат интересни настани за туристите и останатите посетители кои се на минување во Трпејца , како и за мештаните.
Публицитет.мк