• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Каде оди светот?

јули 30, 2015
in Занимливости

Светското население ќе достигне 8,5 милијарди луѓе до 2030 година и 9,7 милијарди луѓе до 2050 година, а до крајот на векот на планетата се очекува да има 11,2 милијарди луѓе, предвидува новиот извештај на ОН (2015 Revision of World Population Prospects), цитиран од Ројтерс.

Според извештајот, населението на Индија ќе го надмине она на Кина околу 2022 година.

Прогнозите за бројноста на светското население играат важна улога при напорите на меѓународната заедница да ја забави опасноста од глобалното затоплување и истовремено извршуваат амбициозната цел да ја отстрани сиромаштијата и гладта, забележува AP.

Во моментов светското население е 7,3 милијарди луѓе, а Кина и Индија имаат над една милијарда жители.

Се очекува во периодот до 2050 година девет држави да состават половина од прирастот на населението во светот: Индија, Нигерија, Пакистан, Конго, Етиопија, Танзанија, САД, Индонезија и Гана.

Според извештајот околу 2050 година Нигерија ќе ги надмине САД и ќе стане трета во светот по бројот на населението по Кина и Индија. Африка има највисок прираст на население во светот.

Се забележува и глобалното стареење. До 2050 година, бројот на луѓето на возраст од 60 години нагоре ќе се зголеми повеќе од двојно. Водечка според овој показател ќе биде Европа, каде што се очекува до 2050 година 34 проценти од населението да е на возраст над 60 години.

Извештајот на ОН ги осовременува претходните проценки на бројноста на населението со нови податоци од националните пописи во 2010 година и актуелните здравствени и демографски истражувања.

Иако делува поинаку, сепак слични се податоците и за Македонија.

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика според податоците од последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 година, Република Македонија има 2 022 547 жители, што е за 3.9 % повеќе во однос на Пописот од 1994 година и 43.0 % повеќе во однос на Пописот од 1948 година.

Според процената на населението (состојба 30.06.2014 година), во Република Македонија има 2 067 471 жители, а густината на населението изнесува 80.4 жители на км2.

Извор: Фактор.мк 

Во однос на стареењето на населението, во 2014 година, учеството на младото население (0-14 години) изнесува 16.8 %, додека учеството на старото население (65 и повеќе години) изнесува 12.5 %.

Посетеност: 142
Share
Previous Post

Тие се смешкаат кога Балканот е на раб на војна

Next Post

Животни мудрости за убав ден

Next Post

Животни мудрости за убав ден

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 142

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk