• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Како да ги препознаеме симптомите на топлотен удар?!

јули 12, 2015
in Uncategorized

Температурите се движат кон 40-тиот степен, па не треба да не чуди што многумина не се чувствуваат добро. И додека надлежните им порачуваат на граѓаните да останат во постудена просторија и да пијат многу течности, ние ви посочуваме на кои симптоми треба да обрнете внимание доколку се посомневате дека сте добиле топлотен удар.

Симптоми на топлотен удар и прва помош

Со излегувањето на сонце ризикувате да доживете топлотен удар, состојба која се појавува како последица на неможноста на телото да ја контролира својата температура. Тогаш се лачи повеќе пот, телото не може да се разлади и температурата во рок од само 10 – 15 минути може да порасне и до 41 степен.

Првите симптоми на топлотен удар се високата температура која преминува 40 степени, црвена, топла и сува кожа, забрзан пулс, пулсирачка главоболка, вртоглавица, мачнина, збунетост и омалаксаност. Веќе кога ќе ги почувствувате овие први симптоми, треба да побарате постудена просторија каде ќе се засолните, а треба да седнете во полуседечка положба, малку да ја откопчате облеката и по некое време телото и главата да ги навлажните со млака вода и да повикате доктор.

Исто така, ако долго време бидете изложени на топло, потењето постојано се зголемува, а доколку не ги надоместите изгубените течности и електролити, може да се појави вртоглавица, главоболка, мачнина, грчеви, треперење, дишењето се забрзува, а кожата почнува прекумерно да се поти и да станува ладна. Тоа се симптомите на топлинска исцрпеност. Лицето кое ќе се пожали на овие симптоми, треба веднаш да се смести во постудена просторија и да пие повеќе течности без алкохол или пак кофеин.

Извор: Убавина и здравје.мк 

Посетеност: 179
Share
Previous Post

Уште од 19 век, жените се подолговечни од мажите: Еве зошто!

Next Post

Лустрацијата наскоро ќе замине во историјата

Next Post

Лустрацијата наскоро ќе замине во историјата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 179

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk