• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Како да се унапреди социјалниот систем во Македонија?

април 20, 2016
in Тикер

Во организација на здружението на граѓани СТАР Скопје – прво здружение на Балканот кое  промовира унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Р. Македонија, од 15-17 aприл  во Маврово се одржа  тренинг за ,,Унапредување на модели и практики во социјалниот систем“  наменет за социјални работници од Меѓу-општински центар за социјална работа на град Скопје.

 

Јулијана Настоска од „Опција“ Охрид  заедно со социјален работник од ХОПС „Опции за здрав живот“ Скопје и еден претставник од СТАР, беше поканета да биде дел од тимот кој го фасилитираше тренингот.

Во текот на едукативни сесии, учесниците беа детално запознаети со историјата на трите организации кои меѓу себе имаат одлична соработка но и спроведено многу бројни активности за подобрување на статусот на маргинализираните групи во општеството. Во Маврово се дискутираше и за законската регулатива на сексуалната работа,  проблемите и потребите на заедницата, улогата на социјалниот работник во работа со ранливи групи и  практично се работеше на две студии на случај.

jule copy

-Она што на крај како фидбек го добивме  од тренингот беше мотивот и интересот на социјалните работници  да навлезат во проблематика која ја третираме како организации. Тие како професионалци ја потенцираа важната улога  на граѓанскиот сектор во општеството како една значајна алка која е неопходна за подобрување на социјалната средина. Сето тоа само го става акцентот од потребата за одржување на овие хумани политики и после 2016 година кога си заминува донаторот од земјава со една   крајна  цел  а тоа е  унапредување и градење на едно здраво и толерантно општество, вели Јулијана Настоска за Публицитет.мк   

 

jule 1

Јулијана Настоска веќе 10 години е социјален работник во здружение на граѓани „Опција“- Охрид  кое работи на два проекти: Програма за намалување на штети од употреба на дрога (со корисници на дрога) и Програма за поддршка на сексуални работници и нивни семејства на територија на Охрид и Струга. Сите активности кои тимот ги спроведува се  финансиски помогнати од донаторот Глобал Фонд од Женева – проект за борба против ХИВ/СИДА, Туберкулоза и Маларија а под супервизија на Министерство за здравство на Република Македонија. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 111
Share
Previous Post

Најпопуларни филмски двојки (2)

Next Post

АЛПОЈО – НОВО : Семе од чиа – чудо од храна

Next Post

АЛПОЈО - НОВО : Семе од чиа – чудо од храна

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk