• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО – НОВО : Семе од чиа – чудо од храна

април 20, 2016
in Uncategorized

Чиа семето е најновиот производ кој излегува од АЛОПОЈО – Охрид. Побарајте го низ трговската мрежа

 Salvia hispanica, попозната како Chia,е цветно растение кое припаѓа на фамилијата Lamiaceae (нане). Се верува дека потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна Америка, каде што семето било важен дел од исхраната на Маите и Ацтеките.

Во денешно време, големата популарност на чиа семето се должи на неговата висока хранлива вредност. Чиа семето претставува балансирана мешавина на протеини, јаглехидрати, масти и растителни влакна. Содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, 3 пати повеќе железо од спанаќот, 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките и 2 пати повеќе калиум од бананите. Покрај тоа, чиа семето е најбогат извор на есенцијални масни киселини како омега-3 и омега -6. Со додавањето на само две лажици чиа семе во вашата дневна исхрана се обезбедуваат околу 7 грама од дневните препорачани дози на влакна, 4 грама протеини, 5 грама омега-3 масни киселини, 18% од дневно препорачаните дози на калциум, 35% на фосфор, 24% на магнезиум и 50 % на манган.

CIA SEME 6

Чиа семето како дел од здравата исхрана може да помогне во потикнуванје на имунитетот и репродуктивниот систем, во спречување на појавата на кардиоваскуларни заболувања со намалување на нивото на холестеролот, триглицеридите и високоит крвен притисок. Една студија направена во болница Св. Михаил во Торонто покажала дека учесниците кои редовно јаделе чиа семе имаат значително намалување на притосокот. Чиа семето може да помогне кај пациенти до дијабетис, да го искористуваат инсулинот поефикасно.
Конзумирањето на Чиа семето пред јадење го намалува апетитот, дава чуство на ситост, го покачува нивото на енергија, затоа семето е толку популарно за губење на тежината. Користење на чиа семе редовно во вашата исхрана , помага не само на вашето физичко здравје, туку и на вашето ментално здравје. Истражувањата покажуваат дека им помага на пациенти со биполарно растројство како и во намалување на депресијата и другите негативни чувства.

CIA SEME 8

Чиа семето нема вкус, но ако го комбинирате со друга храна ќе добиете не само вкусна, туку и визуелна наслада. Може да се јаде сирово или попрскано врз смуди или исцеден сок, житарици, ориз, јогурт или зеленчук. Претставува идеално дополнување на печива, вклучувајќи леб, колачи и бисквити.

Публицитет.мк 

Посетеност: 121
Share
Previous Post

Како да се унапреди социјалниот систем во Македонија?

Next Post

Во сабота ДА ОТКРИВАМЕ промоција во „Аквариус“

Next Post

Во сабота ДА ОТКРИВАМЕ промоција во „Аквариус“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 121

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk