• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Како Google гледа на бегалската криза: Македонците најчесто пребаруваат за мигрантите?

септември 16, 2015
in Тикер

Бегалската криза и маките на бегалците се без сомневање најголемата вест овие последни месеци, со голем број на држави кои оваа недела постојано ги преиспитуваат своите ставови. Сепак и покрај односот на властите, тешко е да се предвиди однесувањето и мислењето на граѓаните, можеби еден од подобрите показатели за нивната загриженост е промената во навиките во пребарувањето на интернет.

Анализата на пребарувањата на Google покажува дека: Македонците почесто од сите останати, пребаруваат за теми кои се поврзани со мигрантската криза, јави Forbes повикувајќи се на Google Trends. Зад Македонија на листата се Португалија, Литванија, Ирска и Велика Британија. Според податоците од пребарувањето, значителен пораст на пребарувањето за термините „бегалци“ и „мигранти“ се забележува од почетокот на септември (3-ти септември).

Интересна е и разлика во прашањата за кои луѓето бараат одговори од Google, а се движат од: „Што е миграција?“ и „Зошто бегаат бегалците?“, во Русија;  „Зошто има толку бегалци во Франција?“ и „Зошто бегаат Сиријците?“ во Франција; до „Како да им помогнеме на имигрантите во Берлин?“ и „Каде се бегалците во Дизелдорф?“ во Германија. Најчесто пребарувани „теми“ поврзана со бегалците е: „migrant crisis“, „refugee“ и „migrants“.

Со оглед на тоа дека во Европа пребарувачот на Google се користи во 97 отсто од случаите, без сомневање, она што го презентираат се релевантни податоци.

Извор: it.com.mk

Посетеност: 174
Share
Previous Post

Села ќе ги руши плажите во Струга

Next Post

„Целиот живот се одвива помеѓу она што го сакаме и она што го мораме“ – Карел Чапек

Next Post

„Целиот живот се одвива помеѓу она што го сакаме и она што го мораме“ - Карел Чапек

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 174

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk