Најблиските на Новак Ѓоковиќ, неговата сопруга Јелена и синот Стефан преку ТВ го следат неговото финале на Австралија опен кое се игра во моментов. Ѓоковиќ го доби убедливо првиот сет против Енди Мареј со 6-1.
Јелена на својот Твитер профил веднаш објави и симпатично видео како малиот Стефан го гледа својот татко, постојано трчкарајќи пред екранот…
„Го гледаме мама-тато“ – напиша Јелена на својот профил, алудирајќи на тоа дека Стефан својот татко го нарекува „мама“…
Извор: ekipa.mk