• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид (6)?

септември 9, 2015
in Култура

ПЕТАР ДИМЕСКИ – директор на ОМУ ,, Методи Патче“ од  1999 год. до 2006г.

Се вработив  многу млад, имав само 20 години. Во училиштево поминав полни 43 години работен стаж  и кога повоторно би се родил пак  би се вработил  тука.

И тогаш и сега ме обзема желбата да им помогнам на нашите талентирани деца да ги одведеме на еден вистински пат и тоа не само на уметнички план, туку воопшто како личности. Сакав да им се создадат работни навики и насоки, да им ја развиваме меморијата, чувството за убавина. Со еден збор од секое дете да создадеме комплетна личност. На почеток бев учител по виолина. Имав уште една работна обврска, цели 17 години континуирано  го водев училиштниот оркестар. Постојано се менуваа законите. Па јас морав да завршам Педагошка, па и степен на факултет. Имам две Виши школи, а немам факултет.  Ете така јас растев и се образував, заедно со останатите колеги и учениците.

Во времето на моето вработување  некаде во средината на шеесеттите од минатиот век во училиштето  функционираа класите по виолина, кларинет и клавир. По спојувањето со Пионерскиот дом се прошириме и просторно  се поделивме едни во Пионерскиот, други во зградата крај езеро.  Заборавив да споменам дека имаше и класа по труба и тромбон. Во тие класи  настава посетуваа малку повозрасни деца. Тогаш воведовме и класа за хармоника, која подоцна бевме принудени да ја затвориме поради преголемиот интерес на учениците, а ние немавме толку можности. Менталитет на родителите не можевме да го смениме – Ако детето свири хармоника, ќе свири по свадби и ќе заработува. Но целта нам не ни беше таа. Опсесија ни беше да ги развиваме сите инструменти подеднакво.

Кога се преселивме во сегашниот простор на Музичкото, директор беше Ѓорѓи Илиески. Тука дојдовме од старото Музичко покрај езеро. Тогаш се’ уште бев наставник. После Ѓорѓи  директор беше колегата  Рубенс Наумоски, потоа  јас  бев избран за директор.

Во времето кога јас директорував постигнавме големи успеси на регионално, државно и меѓународно ниво. Успеавме заедно со Здружението на музичко – балетските  педагози на Македонија кое е член на Меѓународната организација за натпревари меѓу младите да го организираме за првпат во Охрид  Меѓународниот натпревар „Охридски бисери“.  Беа скептични и луѓето од Здружението и моите колеги, ама јас и  претседателот Ѓорѓи Улишев бевме упорни и издржавме да го организираме. Донесовме видни педагози во жирито, финансиски беше тешко ама издржавме да го организираме првиот натпревар. Драго ми е што тој прерасна во голем натпревар и живее се ’ уште. Доаѓаат во Охрид врвни педагози, познати во светов. На „ Охридски бисери “ имавме ученици кои тогаш во тоа време настапија. Се’ сеќавам беше тоа едно музичко трио од наши талентирани ученици кои под покровителство  на Меѓународната организација за натпревари беше на еден квалитетен семинар во Германија од каде се вратија со извонредни критики. Бројни беа и наградите на учениците по клавир и виолина  на државно и на меѓународно ниво. Нон – стоп беше така. Мислам немаше ученик кој од натпревар не се врати со награда. За време на мојот мандат баравме од Министерството за образование да ни дозволат отворање на отсеци за гитара и хармоника. На тој начин се комплетира мојата и визијата на колегите за развојот на училиштето. ОМУ „Методи Патче“ е училиште кое од секогаш го краселе позитивните релации и семејноста меѓу вработените. Би сакал да прерасне не само во средно училиште туку во Охрид да се отвори и факултет за музика. Мислам дека градов го заслужува тоа,

Има кадар, а би споменал и некои наши ученци кои со голем успех работат надвор. Кларинетистот Васко Дукоски кој е во САД. Марина Чадо,  Милена Тодороска и нејзиниот брат Климент, а тука е и Владимир Василески – Четкар кој беше мој ученик и успеа да заврши гитара, иако додека учеше во Охрид во нашето училиште немаше услови за група по гитара. Ги има уште многу личности, но  во мигов не можам да се сетам на нивните имиња.   

Од монографијара „ Педесет години ОМУ Методи Патче’ – Охрид 

Посетеност: 140
Share
Previous Post

Кои се светските филмски премиери кои ќе им носат „свежи“ долари на продуцентите?

Next Post

СДСМ – Охрид: „На метар од новата фонтана – џунгла!“

Next Post

СДСМ - Охрид: „На метар од новата фонтана - џунгла!“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 140

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk