• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид? (8)

септември 18, 2015
in Култура

НИЕ СМЕ ВО ПЕНЗИЈА, НО МУЗИЧКО СЕ’ УШТЕ НИ Е ВО СРЦЕТО

МЕТОДИЈА БАРАКОВСКИ – МЕНДЕ – професор по виолина

Бев на Педагошка академија и од дипломирањето  ме делеше уште еден испит само кај композиторот Властимир Николовски. Се вратив во Прилеп, а работа не ми даваат бидејќи немав дипломирано. Со сопруга ми Стефка се засакавме уште во Скопје. Таа еден ден ми се јавува по телефон и ми вели – во Охрид има место во Музичкото дојди. Дојдов во септември 1965 година,а следната заминав во војска и се вратив во 1968 година. Предавав виолина. Знаев дека мојот другар од Прилеп  Петар – Пеце Димески заврши средна музичка во Скопје. На Наум му велам имам едно дете, другарче,  да го поканиме него да дојде. Тој ми вели – веднаш нека дојде. Вусшност Петар дојде како моја привремена замена и остана.Во училиштето тогаш  секретар беше Зафир Макеларски, живееше меѓу Варош и Месокастро.  Малку подоцна ни се приклучи и Стефан Автоски. Тој беше претходно во Пионерскиот дом и ние се здруживме. ( Домот беше спроти гимназија до сегашниот Пензионерски дом. ) Тогаш по здружувањето дојде и Данче Баткоска. Имаше уште еден професор по кларинет беше од Србија не му го помнам името беше повозрасен. Откако се вратив од војска се вработи и Евгенија Спасоска, подоцна Кордиќ  која дојде од Куманово,  предаваше флејта, хармоника предаваа Наум и Стефан Афто. Наум освен што беше директор предаваше труба и хармоника. Тогаш се сеќавам беше првиот зачеток на дувачкиот оркестар. И тоа не само со редовни ученици од Музичкото туку и со повозрасни деца како на пример: Сотир Каралиевски на кларинет, Стојче Митрески на труба,  Блаже Ефтимов ,  Перо Стојаноски , Славе Трајаноски. Интересно е кога започнав да работам децата кои ги учев не завршија шеста година музичко со завршувањето на осмо одделение, туку беа поголеми. На пример како Аспасија Хаџиште,Алебна Манева – сега ортопед, свиреше на убава виолина од Америка.  Ги користевме паралено двата објекти. Тој крај езеро и наспроти гимназија. Јас и Петар работевме во просториите на Пионерски дом и таму нам ни се приклучи Бојан Јовановиќ од Велес кој подоцна стана охридски зет.

Во Музичкото 17 – 18 години Наум беше постар од мене. Бевме многу амбициозни да се докажеме. Немаше кадар и јас имав дури по 34 – 35 ученици. Потоа ни се придружи Стојан Златаноски , со завршена средна музичка школа,мислам дека хонорарно беше ангажиран и  Цветко Крстаноски,  кој беше голем вљубеник во виолината и таа љубов сигурно уште му трае. Ни се приклучи Радмила Поповска. Тоа време сите од наставниот кадар имавме Виша музичка школа. И дојде период кога требаше да се  дообразувавме на Музичка академија како што налагаа законите. Кога Наум замина во Дом на култура Ѓоко Илиески стана директор.

На  почетоците Годишниот концерт го дававме во Работничкиот универзитет, потоа  во Домот на култура, а дури подоцна во црквата „Св. Софија“ . Прва која замина во Средно музичко од моите ученици беше Марина Чадо. До шесто одделение се беше сосема нормално. Но , тогаш ми вели професор јас ќе се запишам во Средна музичка. Јас ја оставив последна на часовите за да можам да и обратам поголемо внимание. Бевме ценети, респектирани во градов.  Имаше квалитетни деца. Но со еден час неделно , квалитетни деца не можат да се создадат. Со сите деца кои сега ќе ги набројам и останале во светот на музиката сме работеле многу повеќе од она што било пропишано со закон. Не беше прашањето во парите , туку во љубовта да му се помогоне на детето, да постигне и да се качи скала погоре. Со Марина Чадо- виолина не работевме само два пати неделно, туку речиси секојдневно. Потоа дојде Климент Тодоровски – сега прва виолина во Опера и балет, сестра му Милена Тодороска. Игор  Бежаноски и Перо  Тасески заврши средно во  Софија, сега е на академија во Скопје. Од помладиве Кристина Шокаровска која продолжи во Средна музичка, Севин Селман, сега ќе оди на академија во Истанбул.  Александра Кузман, заврши Средно музичко и заврши народни инструменти на академија.

Извор: Монографија на ОМУ „Методи Патче“ издадена август 2015 г.

 

Посетеност: 136
Share
Previous Post

ЗАПОЧНА 36. ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „ БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

Next Post

Швеѓаните воведоа шестчасовно работно време, без да ги намалат платите

Next Post

Швеѓаните воведоа шестчасовно работно време, без да ги намалат платите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 136

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk