• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

ЗАПОЧНА 36. ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „ БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

септември 18, 2015
in Филмољубие

Синоќа во Битола  со светската премиера на македонско –хрватско –француската копродукција „Лазар„ на режисерот Светозар Ристовски свечено беше отворен 36. Интернационален фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки“ во Битола.На свеченото отворање на фестивалот присуствуваа режисерот Светозар Ристовски,кој по речиси 11 години и’ се поклони на публиката во Битола заедно со директорот на фотографијата Дејан Димевски како и актерите Дејан Лилиќ и Наташа Петровиќ како и продуцентката Корнелија Ристовска.

Пред проекцијата на филмот беше прикажан краткиот филм „ Кружното патување на Марето“ од Жарко Иванов

Церемонијата на отворањето на фестивалот,чиј режисер е Благој Мицевски,помина во знакот на одбележувањето на 110 –годишнината  од првата филмска камера на балканот.

man 1 i 2

На свечената церемонија на отворањето присуствуваа и специјалнитe гости на годинешниот фестивал, славните актери Бруно Ганц и Сергеј Серебрјаков на кои им беше доделена Специјалната „ Златна камера300“за особен придонес во филмската уметност. Наградата на Серебрјаков му ја врачи градоначалникот на Битола ,Владимир Талевски, а Бруно Ганц ова големо признание го доби од рацете на министерката за култура на Македонија,Елизабета Канческа -Милеска.

Како што веќе е познато оваа година има три лауреати на Наградата за животно дело. Наградата за животно дело на на полскиот кинематографер  Ришард Ленчевски му ја врачи покровителот на фестивалот, Председателот на Република Македонија, Ѓoрѓе Иванов,кој и свечено го означи почетокот на фестивалот.

Денес на почетокот на ново востановената програма,„СЕЕ камера“ на Божидар –Бота Николиќ ќе му биде врачена првата награда на СИ камера за придонес во Балканското филмско наследство. Освен тоа Николиќ е вториот добитник на Наградата за животно дело. Третиот добитник на ова високо признание чешкиот кинематографер Јаромир Шофр наградата ќе ја прими на затворањето на фестивалот на 27. Септември.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која Друштвото на филмските работници на Македонија годинава му ја додели на Дарко Марковиќ , во негова чест ќе ја прими неговиот син Филип Марковиќ, од рацете на претседателот на Друштвото, Роберт Насков. Освен Ленчевски и Николиќ─како членови на жирито на Официјалната програма церемонијата присуствуваше и македонскиот режисер Митко Панов. На свеченото отворање присуствуваа и двајца од тричленото жири на новата програма „СЕЕ камера“,Маја Богојевиќ и Мирослав Момчиловиќ.

man 3 copy

Се разбира ,вообичаено како и на сте светски фестивали, по црвениот килим прошетаа сите споменати гости на фестивалот како и голем број на познати актерски имиња и филмски творци од Македонија ,личности од јавниот и културниот живот на Битола  и Македонија. Меѓу нив најголемо внимание предизвикаа членовите на екипата од филмот „Лазар“ како и специјалните гости Бруно Ганц и Сергеј Серебрјаков кои се одликуваа со својата едноставност иако се работи за големи филмски ѕвезди.

Водител на церемонијата на отворањето оваа година беше  еден од најангажираните актери во Народниот театар од Битола, Огнен Дранговски.Фестивалот ,на самиот почеток од церемонијата го поздрави новиот директор на оваа манифестација, Димитар Николов – Таки.

Збор два и за добитниците на специјалните награди „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност кои им беа врачени на легендата на европскиот филм Бруно Ганц и рускиот актер Алексеј Серебрјаков.Според организаторите на фестивалот „двајцата добитници ја делат истата професија, припаѓаат на различни генерации, на различни географски и творечки простори, но секој од нив е актерска пројава пред која публиката се поклонува, бидејќи во секоја наредна улога се надминуваат себеси“. Оваа награда актерот со швајцарско потекло Бруно Ганц ја добива бидејќи е еден од тие актери кои освојуваат со својата едноставна енергија во креирањето, со споредните и навидум невидливи, но и со најкомплексните филмски улоги: како ангелот Дамиел во филмот „Небото над Берлин“ на Вендерс, како Адолф Хитлер во филмот „Хитлер, последните денови“, како професорот Рол во „Читачот“, како и улогите во италијанската комедија „Леб и лалиња“ на Солдини, во драмата „ Младост без младост“ на Копола и други.

Наградата на рускиот актер Серебрјаков се доделува заради ненадминливата улога во „Левијатан“, за која беше номиниран за Наградата за најдобар актер на Европските филмски награди, а ги доби наградите за најдобар актер на филмскиот фестивал во Абу Даби и „Бел слон“ од Руското здружение на филмски критичари, додека филмот „Левијатан“ беше номиниран за „Оскар“ и „БАФТА“ за најдобар филм за филмови од неанглиско говорно подрачје, а доби „Златен глобус“ во истата категорија. 

 

Инаку , годинешниот фестивал се одржува под  мотото „Филмот е убав“. Фестивалот и официјалниот партнер – Вип оператор годинава најавуваат 13 програмски категории во кои ќе бидат прикажани 215 филмови. Во десетте филмски дена, Фестивалот ќе биде домаќин на безмалку 700 најавени гости ─ еминентни филмски работници, критичари и студенти, а згора на тоа ќе понуди уште 75 придружни настани на четириесетина локации. Како гости во Битола ќе дојдат седумдесетте најдобри студенти од факултетите за драмски уметности од 13 универзитети од ЈИЕ со кои Фестивалот годинава потпиша меморандуми за соработка. На програмата се одлични наслови од големите филмски фестивали ─ од сите континенти, и од повеќе од 40 земји. 103-те филма кои ќе бидат прикажани во Битола од 18¬ до 27 септември се во различни категории, од кои три се натпреварувачки категории (Официјална, Нов европски филм и СЕЕ камера). Останатите 111 се студентски филмови. Има две нови натпреварувачки програми со нови востановени награди.

manaki akteri1 1

1.Нов европски филм ─ посветена на првите или вторите играни филмови на режисери од Европа; ќе бидат прикажани 10 филма, селектирани од Дејан Трајкоски;

Најдобриот режисер и кинематографер во „Нов европски филм“ ќе ја добијат наградата „Бона Деа“, изработена според оригиналната скулптура пронајдена на Хераклеја

2. СЕЕ камера ─ ќе бидат прикажани осум наслови, по избор на Саша Станишиќ.Во оваа програма ќе бидат прикажани и македонските копродукции „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Жената на мојот живот“ на Антони Дончев.

Најдобриот во програмата „ СЕЕ камера “ ќе се закити со статуетката „Златен Манаки“која е инспирирана од новото лого на фестивалот.

Годинава ќе бидат промовирани  и два нови тематски пристапи кон филмот. Едната е „Земја во фокус“, а тоа ќе биде Мексико, а другата е во соработка со реномираниот агент за продажба од Франција „Вајд“, програма на провокативни светски дела на млади автори од целиот свет наречена „Ај он филмс“ 

Се разбира тука е и документарната програма со осум филмови, чиј селектор години наназад, е Гена Теодосиевска, потоа ,,Мак поинт,Краток филм, Вип детска програма која ќе оди со слоганот „Големо платно голема разлика“,Студентска програма, како и програмата Ефа.

 Оваа година за наградите „Златна камера 300“ во официјалната конкуренција ќе се натпреваруваат 13 играни филма и тоа: „Сикарио“ (Вилнев/Дикенс), „600 милји“ (Рипштајн/Маркоен), „Убиец“ (Ху Хсиао-Хсиен/ Ли Пинг Бинг), „Црни души“ (Мунѕи/ Радовиќ), „Магбет“ (Курцел/Аркапо), „Синот на Саул“ (Немеш/Маќаш), „Викторија“ (Шипер/Гровлен), „Тимбукту“ (Сисако/Ел Фани), „Нашата мала сестра“ (Хироказу/Микија), „Нахид“ (Панахандех/Геиди), „Белите ноќи на поштарот“ (Кончаловски/Симонов), „Мојата мајка“ (Морети/Катинари) и „Земја и сенка“ (Гусман). 
За нивниот избор, долгогодишниот селектор на оваа програма, Благоја Куновски-Доре вели дека годинава првпат бројот помеѓу филмовите од Европа и оние од другите континенти е видливо изедначен. „Друга доследност во изборот беше да се негува континуитетот со проверените светски кинематографери и режисери, и оние што претходно имале свои филмови во натпреварувачкиот дел на „Браќа Манаки“ или се лауреати; а и паралелно, како и секогаш, да се откријат нови талентирани кинематографери. Третата специфика на селекцијава годинава е жанровска и содржинско-тематска (современа или историска) разновидност“, заклучува Куновски. 

Годинешното жири кое ќе одлучува за главните награди на фестивалот,златната,сребрената и бронзената камера 300 ќе работи во состав:Ришард Ленчевски (како претседател)  и членовите Божидар –Бота Николиќ Ерџан Кесал (сценарист и актер од Турција), Хајет Бенкара (продуцентка и организатор на светски фестивали) и македонскиот режисер и сценарист Митко Панов. Неговиот филм „Со кренати раце“ е  добитник на „Мала златна палма“ во Кан, и  е меѓу десетте најдобри кратки филмови во историјата на филмот.

man 5

 

На фестивалот во Битола денес на  19. Септември со почеток во 16 часот и 30 минути во салата Театар ,своја премиера треба да ја доживее документарно играниот филм „ Последниот Македонец, патот до истребување„ во режија на нашиот сограѓанин Илија Пиперковски,кој говори за периодот пред и по Букурешкиот договор.

Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот Договор но и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто не постоела цврста Организација која наместо меѓусебни препукувања, итриги, убиства и атентати ќе го кренела духот на народот кој бил поделен под влијание на Бугарската Егзархија , Грчката Православна Црква, а подоцна и Српската? Зошто братоубиството заради сојузништво со Бугарите, Србите или Грците е правило, а не реткост во Македонија ? Постои ли воопшто некој кој е Македонец од Македонија?

Во играниот дел од филмот настапуваат Славиша Каевски,Иван Јерчиќ,Петар Горко,Валентина Грамосли,Митко С. Апостоловски,Симона Ристевска,Дејан Димевски,Огнен Антов,Мариус Станеску,Данчо Стефков,Снежана Лупевска Созен,Јован Ристовски, Никола Ристов, Илија Пиперковски…

„Ние водиме борба против врховистите, за тоа што сакаат да ја потчинат организацијата, да ја стават во служба на бугарскиот двор. Тоа се луѓе кои дале заклетва пред Бугарскиот дворец и Бугарската држава и како такви не се ништо повеќе од обични слуги.” – ќе рече актерот Рубенс Муратовски во улогата на Јане Сандански.

Продуцент на филмот е Снежана Лупевска – Созен од „Тринити плус“

Филмот финансиски е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија и Министерството за култура, а поддршка обезбеди и од Општина Битола и од Преспанско-пелагониската епархија

Ѓоко Симјаноски/ Публицитет.мк 

Посетеност: 142
Share
Previous Post

Откриен нов гигантски вирус во Сибир

Next Post

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид? (8)

Next Post

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид? (8)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 142

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk