• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јуни 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Како (ве) ловат комарците?

јули 23, 2015
in Занимливости

Потрагата по плен на комарците се базира на три клучни механизми. Знаејќи ја нивната тактика за напад, можеме да скроиме подобра тактика за одбрана.

Во експериментот направен на Калифорнискиот институт за технологија, научниците ставиле купче комарци во „ветерен тунел“ (тунел во кој се експериментира со струење на воздух и кој обично вклучува огромен пропелер) и го набљудувале нивното однесување, сé со цел да откријат како и на кои принципи тие ја детектираат својата жртва (Вас).

Експеримент 1 – јаглероден диоксид: Од едниот крај на тунелот, научниците пуштиле CO2, за да симулираат здив на човек што издишува. Комарците тргнале да летаат кон јаглеродниот диоксид. Потоа, научниците пуштиле контролна емисија на воздух. Таквиот потег немал никаков ефект врз (однесувањето на) инсектите.

Експеримент 2 – темен објект: Кога темен објект бил поставен во тунелот, комарциите воопшто не биле заинтересирани. Но, кога научниците пуштиле и емисија на CO2, комарците веднаш се упатиле кон темниот објект. Ова демонстрира дека комарците се заинтересирани за она што визуелно ги стимулира само ако претходно е стимулирано нивното сетило за мирис.

Експеримент 3 – термален експеримент: Научниците поставиле два предмета во тунелот; едниот загреан до 37 степени Целзиусови (приближно на температурата на човечкото тело), а другиот оставен на собна температура. Комарците биле привлечени од топлиот предмет без разлика на тоа дали имало или немало присуство на CO2.

Мајкл Дикинсон, водечки автор на студијата, објаснува:

„Разбирањето на тоа како мозокот комбинира информација од различни сетила за да донесе соодветни одлуки, е еден од централните предизвици во невронауката. Нашите експерименти покажуваат дека комарците го прават ова на многу елегантен начин. Тие обрнуваат внимание на визуелните појави само откако ќе детектираат мирис што индицира присуство на плен во близината. Ова им помага да не губат време истражувајќи лажни мети, како камења или вегетација“.

Значи, да резимираме: Комарците се привлечени од визуелни, мирисини и термални сензации – топлина, CO2 и темни објекти. Дополнително, можат да ја „намирисаат“ својата жртва дури и на далечина од 50 метри. Практично и не можете да ги избегнете… освен ако не го зачувате здивот доволно долго за да го надминете критичниот радиус…

Извор: 365.com.mk

Посетеност: 104
Share
Previous Post

Берлускони: Путин ме покани за министер

Next Post

Помали казни за фирмите

Next Post

Помали казни за фирмите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 104

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk