• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Какви мајки – такви ќерки (1)

ноември 25, 2015
in Филмољубие

Една стара поговорка вели: „Круша под круша паѓа“. Таа слободно може де се примени и во светот на филмот.Имено,навистина  е голем бројот на познати актерки чии ќерки зачекориле по нивниот пат и станале исто толку познати и славни а некои станале и поуспешни од нив. Интересно е дека сите тие не го носат нивното презиме туку ,обично , презимето на својот татко. За тоа секако една од причините е да не ги поистоветуваат со нивните мајки , туку во светот на филмот да станат познати како самостојни личности со сопствена изградена кариера, иако честопати на почетокот од кариерата биле потпомогнати од своите родители, што сепак мора да се признае не е никаков грев ,туку напротив вродено чуство за грижа на сопственото поколение. Но, во тој свет каде важат одредени правила на игра, доколку немаш талент и харизма, таа почетна помош брзо се троши, и опстојуваат само најуспешните.

Во денешниов и следниот прилог ќе се обидеме да ве потсетиме на десетина познати актерки и нивните ќерки кои го продолжиле нивниот пат.

majki 1 copy

 ИНГРИД БЕРГМАН – ИЗАБЕЛА РОСЕЛИНИ

Шведската актерка Ингрид Бергман беше една од најголемите актерки од златната ера на Холивуд.Нејзината природна убавина и талент беа главната одлика во нејзината турбулентна филмска кариера во која успеа да оствари педесетина улоги.Таа нејзината кариера ја започнува во родната Шведска во 1932 година за во 1938 година да ја продолжи во Холивуд каде ќе ги реализира своите најпознати филмови меѓу кои и филмот „ Казабланка“  во 1942 кој ќе стане нејзин бренд. Во 1949 година  кариерата ќе ја продолжи во Италија каде ќе остане до 1956 година каде повторно се враќа во Холивуд на голема врата со улогата во филмот “ Анастазија“ за која ќе го добие својот втор Оскар.Останатите два Оскари ќе ги добие во 1945 година за филмот „ Плинска Светлина“ и во 1975 година за споредна улога во филмот  „Ориент експрес“.Освен тоа таа имаше уште четири номинации за наградата Оскар. Бергман во 1945, 1946, 1957 и 1983 година ја освои наградата Златен Глобус а имаше уште три номинации за оваа престижна награда.

При нејзиниот неколку годишен престој во Италија ,таа по втор пат стапи во брак со режисерот Роберто Роселини со кого соработуваше на филмски план.Од таа врска произлегоа три деца. Синот, Роберто Ингмар Роселини и близначките Изабела и Ингрид Роселини. Од првиот брак Ингрид Бергман ја имаше и  ќерката Пиа Линдстром која исто така станува актерка но со скромна кариера од само четири филмски улоги . Неа во вистински смисол на зборот ја замени Изабела Роселини родена во 1952 година која денес е позната актерка, режисерка ,сценаристка и продуцентка.Својата филмска кариера таа ја започнува во 1976 година со настапот во романтичната драма „ Прашање на време “ во режија на Винсент Минели во кој главните улоги ги толкуваат нејзината мајка Ингрид Бергман и Лајза Минели ,инаку ќерката на режисерот Винсент Минели.

Во досегашната кариера Изабела Роселини има реализирано над 80 улоги во Филмски и Тв проекти. Нејзина најпрепознатлива улога е онаа во филмот „ Синиот Сомот“ на познатиот режисер Дејвид Линч.Досега има потпишано и неколку филмски и Тв проекти и како режисер. Во 1997 година за улогата во филмот „ Криминал на векот“ доби номинација за наградата Златен Глобус а во 2013 година на Берлиналето и’ беше доделена специјална награда за нејзиниот придонес во филмот.

majki 2

ЏУДИ ГАРЛАНД  – ЛАЈЗА МИНЕЛИ

И Џуди Гарланд важи за една од најпознатите актерки и пеачки од златната ера на Холивуд. Таа беше родена како Френсис Етел Гам во 1922 година . Се прослави со нејзините улоги во познати мјузикли. Нејзиниот најпознат филм секако е  „Волшебникот од Оз“ од 1939 година. Препознатливи се и нејзините улоги во мјузиклите „ Бебињата од Бродвеј„ од 1941, „ Велингденска парада“ од 1948, „ Летни лудории“ од 1950 , „ Ѕвездата е родена “ од 1954 година , и многу други. Настапи во 40 тина филмови покрај најголемите танчерски мајстори од тој период: Фред Астер и Џин Кели.Почина мошне млада ,на 47 годишна возраст во 1969 година.Се мажеше дури пет пати . Од бракот со познатиот режисер Винсент Минели ја имаше ќерката Лајза Минели која е родена во 1946 година.Во нејзината кариера имаше две номинации за наградата Оскар а освои два Златни Глобуси.

Лајза Минели, нејзината ќерка, продолжи онаму каде што застана нејзината мајка.Таа досега има реализирано 30 тина улоги од кои секако е најпозната онаа во филмот „Кабаре“ во 1972 година за кој го освои Оскарот за најдобра женска улога. Се паметат и нејзините улоги во филмовите„ Среќна дама“ од 1975, „ Њу Јорк, Њу јорк“ од 1977 и „Артур“ од 1981 година. Освен освоениот Оскар има и четри номинации за оваа награда како и освоен Златен Глобус за улогата во Тв серија „ Време за живот“ во 1985 година.

majki 3

ГОЛДИ ХОН – КЕЈТ ХАДСОН

Една од најпознатите холивудски актерки од средната генерација , Голди Хон, своите ѕвездени мигови ги имаше во 70 и 80 тите години од изминатиот век кога  настапи во голем број на комедии со романтична содржина каде играше покрај многу познати актери како: Ворен Бити, Мел Гибсон, Стив Мартин , Брус Вилис …Настапи во триесетина филмови , а се паметат нејзините улоги во филмовите „ Шампон“ од 1975, „ Птица на жица“од 1990, „ Смртта добро и’ прилега “ од 1992, „ Првиот клуб на напуштени сопруги“ од 1996 и други.Таа е добитничка на еден Оскар за споредна улога за филмот „ Кактусовиот Цвет “ во 1970 година.

Од нејзиниот прв брак со Бил Хадсон таа има две деца од кои ќерката Кејт Хадсон тргна мошне успешно по нејзините стапки.

Таа е родена во 1979 година и досега има остварено 36 филмски и телевизиски улоги.Една од нејзините први улоги на филмското платно е во филмот „200 цигари“ во 1999година, потоа следуваат улогите во филмовите: „Речиси познати “ од 2000, „ Четири Пердуви„ од 2002, „ Развод “ и „ Алекс и Ема “ од 2003,„ Јас, самата и Дипре“ од 2006, „ Војна на невестите“ и „ Девет“ од 2009 , „ Добрите луѓе“ од 2014 и други. Досега има една номинација за Оскар и Златен Глобус.

m 4

ТИПИ ХЕДРЕН – МЕЛАНИ ГРИФИТ

Една од миленичките на режисерот Алфред Хичкок русокосата актерка Типи Хедрен се прослави со улогите во два филма на овој режисер: „ Птици“ од 1963 година со кој дебитираше на филмското платно и „ Марни“ кој го сними една година подоцна.Таа е родена во 1930 година како Натали Кеј Хедрен и сеуште е активна како актерка.Нејзиниот актуелен филм од оваа 2015 година е насловен како „ Духот на китот“ а има уште два филма во пост продукција.Во својата кариера долга преку 50 години има остварено над 80 филмски и телевизиски улоги. Го има освоено Златниот Глобус за улогата во филмот „ Птици“.

Се мажела четири пати а од бракот со Питер Грифит ја има ќерката Мелани Грифит која е родена во 1957 година.Мелани , мошне успешно се снајде во светот на филмот. Досега има остварено над 80 филмски  и Тв улоги.Еден од нејзините први настапи е во трилерот „ Ноќни движења“ од 1975 година , покрај Џин Хекман.Се паметат нејзините улоги во филмовите„ Вработена девојка“ во 1988, „ Две премногу“ во 1995, „ Лолита“ во 1997, „ Лудило во Алабама“ во 1999…Беше мажена за актерите Дон Џонсон и Антонио Бандерас.

m 5

ДАЈАН ЛЕД – ЛОРА ДЕРН

Актерката Дајан Лед ,со вистинско име Рози Дајан Леднер е родена во 1935 година.Таа не е од типот на вистински филмски ѕвезди за кои постојано се пишува и говори иако во својата актерска кариера има остварено над 130 улоги на телевизиските екрани и филмското платно.

Досега има заработено три номинации за Оскар за нејзините улоги во филмовите„ „Ремблин Роуз“, „ Диви во срцето“ и „ Алиса повеќе не живее овде“. Освен по овие улоги таа е позната и по улогите во филмовите„ Диви ангели“ од 1966 , „ Кинеска четврт“ од 1974  и „ Примарни бои“ од 1998 година.

Нејзината ќерка Лора Дерн ,која ја има со својот трет сопруг, познатиот актер Брус Дерн, е родена во 1967 година.Лора е мошне успешна актерка која досега има реализирано над 70 филмски иТв улоги. Својата кариера ја започна во 1980 година со една малечка улога во филмот „ Лисици“ , а потоа следуваа улогите во филмовите „Синиот сомот “ во 1986, „Ремблинг Роуз“ во 1991, „ Совршен свет“ и „ Паркот Јура“ во 1993, „ Октомвриско небо“ во 1999, „ Јас сум Сем “ во 2001, „ Осамени срца“ во 2006 година и многу други. Во следната 2016 година таа има улоги во дури четири филма. Досега има две номинации за наградата Оскар и освоено четири награди Златен Глобус.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 131
Share
Previous Post

Колку често ги перете пижамите?

Next Post

Со пет биса Симон Трпчески блесна на сцената во „Барбикан“- Лондон

Next Post

Со пет биса Симон Трпчески блесна на сцената во „Барбикан“- Лондон

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 131

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk