• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Со пет биса Симон Трпчески блесна на сцената во „Барбикан“- Лондон

ноември 25, 2015
in Култура

„Симон Трпчески ја носи сета своја харизма на целовечерниот портрет на Фредерик Шопен“.

Вака лондонските медиуми го најавија исклучителниот синоќешен рецитал на македонскиот пијано виртуоз од светски глас, Симон Трпчески, правејќи споредба дури и со рецензијата на „Тајмс“ во која изведбата на дела од Шопен на неговиот компакт-диск од 2007 година беше оценета како вистинско „истражување на душата“.

За својот прв целовечерен рецитал во престижната лондонска сала „Барбикан“, Трпчески во изјавата за Македонското радио појасни:

„Промоторот во Барбикан центарот изрази желба да се претставам со Шопенова вечер. Генерално е голема честа да се добие ваква покана за солистички концерт во оваа сала, во која толку многу пати сум настапувал со Лондонскиот симфониски оркестар, а и во која токму со овој оркестар ќе се вратам во февруари наредната година. За мојот концерт понудив поширок дијапазон од композиторскиот опус на Шопен, негови мазурки, полонези, ноктурна и скерца. Се надевам дека овој концепт ја прикажа разноликоста во неговите генијални творечки вештини и различни музички форми, бидејќи секогаш е голема одговорноста да се изведуваат неговите дела поради нивната деликатност, вкус, стил и интерпретација. Се надевам и дека успеав да допрам до срцата на публиката и да ѝ ги прикажам различните лица на Шопен во овие композиции“, вели Трпчески, кој на стоечките овации на презадоволната публика во „Барбикан“ им возврати со дури 5 изведби на бис.

По Лондон, Трпчески веќе е на пат за Филаделфија, САД, каде што в петок и сабота, како солист на Оркестарот на Филаделфија под диригентската палка на прославениот Џанандреа Нозеда, ќе ја изведе „Рапсодијата на тема од Паганини“ од Сергеј Рахманинов, информира „КултурОп“ со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Инаку, од почетокот на новава сезона, македонскиот културен амбасадор ги собра комплиментите за настапите во Романија, Велика Британија, Италија, Чешка, за прв пат Словачка, Холандија, Соединетите Американски Држави, Италија, Германија и Португалија, а прва декемвриска дестинација ќе биде Катовице, Полска на концертот со Симфонискиот оркестар на Полското национално радио.

Извор: mkd.mk 

Посетеност: 114
Share
Previous Post

Какви мајки – такви ќерки (1)

Next Post

DW – Александар Македонски: Не ме вработија, ама ми подигнаа споменик!

Next Post

DW - Александар Македонски: Не ме вработија, ама ми подигнаа споменик!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk