На 3 октомври заврши службениот рок за пријавување на филмовите односно на земјите кои сакаа да учествуваат во трката по наградата Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Оваа награда е востановена во 1956 година . Наградата се доделува еднаш годишно од страна на Академијата за филм и филмска уметност на долгометражни филмови кои се произведени надвор од САД и во кои не се говори англискиот јазик.
Постои правило кое пропишува пријавените филмови во сопствените земји да бидат јавно прикажани во периодот помеѓу 1.октомври.2015 и 30. септември 2016 година.
Како што напоменавме крајниот рок за пријавување истече на 3.октомври, до кога според информациите кои беа објавени се пријавија рекордни 89 кандидати за оваа категорија.
Академијата на 11 октомври го објави конечниот список на кој се наоѓаат вкупно 85 кандидати за номинација за оваа награда. Академијата одлучи(според нивните впропишани правила) од трката по номинација да ги одстрани кандидатите кои беа пријавени од страна на Авганистан, Ерменија, Камерун и Тунис. За прв пат меѓу кандидатите се најде и еден филм кој доаѓа од Јемен.
Членовите на академијата од таа конечна бројка на 17 .јануари.2017 година ќе објави список од девет финалисти од редот на пријавените филмови за конечно на 24.јануари .2017 година да го објави списокот од петте номинирани филмови кои ќе се натпреваруваат по наградата Оскар во категоријата најдобар странски филм Победникот ќе биде објавен на церемонијата на доделувањето на Оскарите на 26. февруари. 2017 година.
Минатогодишниот победник „ Синот на Саул“ на режисерот Ласло Немеш од Унгарија беше 53 филм кој и го донес Оскарот на Европската кинематографија. Оваа година од пријавените 85 земји ,од Европа се пријавени 38 филмови ќе бидат во можност да го повторат минатогодишниот успех на филмот „ Синот на Саул“.)Од тие 38 кандидати дури 7 доаѓаат од земјите кои произлегоа по распадот на поранешната држава Југославија.
Во продолжение ќе ве запознаеме со кандидатите кои ги предложија државите кои произлегоа од некогашната држава
Друштвото на филмски работници на Македонија, со мнозинство гласови, го избра филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија, за македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје.
Имено, жири комисијата на Друштвото е составена од Лабина Митевска-претседател на комисијата (продуцент/актер); Наум Доксевски (директор на фотографија); Дејан Дуковски (сценарист) ; Петар Богоевски (гафер); Роберт Јазаџиски (продуцент); Мето Јовановски (актер) и Игор Василев-Новоградска (композитор).
Да се потсетиме„Ослободување на Скопје“ е прв режисерски филмски проект на Раде Шербеџија, што го направи заедно со синот Данило. Филмот е базиран познатиот драмски текст на Душан Јовановиќ. Со дејствие сместено во Втората Светска Војна, филмот ќе ја раскаже приказната низ очите на 11-годишниот Зоран, за страдањата и хоророт на луѓето што поминуваат низ војната. Додека неговиот татко е партизан што се бори против Германците, неговата мајка Лица започнува љубовна афера со германски офицер. Поминуваат годините, доаѓа денот на ослободувањето на Скопје. Тоа што останува да се запрашаме е како понатаму? Дали, општеството ќе ја казни Лица за тоа што го направи, и дали семејството ќе ја постигне некогашната хармонија?
Филмот е во македонско-хрватско-финска продукција, меѓу кои и македонските Кино-Око и Партисанс. Продуценти на филмот се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола, а автор на музиката е Влатко Стефановски. Во главните улоги настапуваат 11-годишниот Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски, Јани Вирман, Денис Абдула, Аксел Мехмед, Дејан Лилиќ и други.
Филмот го отвори годинешниот фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки “ во Битола.„ Ослободување на Скопје„ за првпат беше прикажан на годинешниот Пулски филмски фестивал а веднаш потоа и на меѓународниот филмски фестивал во Сарајево. Филмот својата премиера пред публиката во Македонија ја имаше на 24. октомври, во Скопје во киното „ Милениум“ во рамките на 12. „ Бела ноќ“.
Српската Академија за филмска уметност и наука со тајно гласање на членовите на стручниот одбор на Академијата , од петте пријавени филмови, одлучи како кандидат за наградата Оскар во категоријата најдобар странски филм да го избере филмот на Милош радовиќ „ Дневникот на машиновозачот“.
Филмот преставува комедија со мелодрамски елементи говори за невините убијци и нивниот живот. Главниот лик во филмот Илија, кој го игра актерот Лазар Ристовски,е шеесеттогодишен машиновозач кој држи еден неславен рекорд од 28 прегазени луѓе во текот на неговата работа.
Неговиот посвоен 19 то годишен посвоен син Симо , се подготвува да го наследи и да ја продолжи семејната традиција, а Илија го запознава со работата и фактот дека несреќите се неизбежни.
Во филмот покрај Лазар Ристовски настапуваат уште и Петар Кораќ, Нина Јанковиќ, Мирјана Карановиќ, Младен Нелевиќ, Даница Ристовски, Харис Бурина и други.
Филмот премиерно беше прикажан на годинешниот фестивал во Москва каде ја освои наградата на публиката.Филмот потоа беше прикажан и на неколку регионални филмски фестивали каде освои уште неколку награди.
Здружението на филмски работници на БиХ, со подршка на Општината Стар Град од Сарајево, за годинешен кандидат на Босна и Херцеговина за наградата Оскар , го избра филмот „ Смрт во Сарајево“ на режисерот Данис Тановиќ.
Филмот својата светска премиера ја имаше оваа година на филмскиот фестивал во Берлин каде ја освои наградата Сребрена мечка за најдобар игран филм во главната конкуренција на овој престижен фестивал. Филмот потоа беше прикажан на бројни филмски фестивали како и на Сарајево филм фестивал. „ Смрт во Сарајево“беше дел од програмата и на првото издане на фестивалот „ Киненова“ кој се оджа од 5 до 9. Октомври во Скопје.
Во филмот настапуваат Ведрана Сексан, Мухамед Хаџовиќ, Изудин Бајровиќ, Снежана Видовиќ, Еден Авгадиќ и други.
Здружението на филмските работници на БиХ веќе 14 години кандидира филм во категоријата најдобар странски филм. Да се потсетиме дека во 2002 година филмот на Данис Тановиќ „ Ничија земја“ го освои Оскарот за најдобар странски филм.
Хрватското друштво на филмските работници одлучи оваа година преставник на Хрватска во трката по кандидатура за номинација за наградата Оскар за најдобар странски филм , да биде остварувањето на режисерот Зринко Огреста „ Од онаа страна“. Комисијата која била составена од 15 членови, одлучувала помеѓу три пријавени филма.
Филмот преставува напната психолошка драма која е создадена според сценарито на Мате Матишиќ и Зринко Ограста. Приказната ја следи патронажната медицинска сестраВесна која со децата пред 20 годинисе преселила во Загреб бегајќи од случувањата кои такаречи им го уништиле животот. Меѓутоа,по еден неочекуван повик, на површина излегува тајната која во сите тие изминати години сакала да ја сокрие.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Ксенија Маринковиќ и Лазар Ристовски а тука се уште и Тихана Лазовиќ, Роберт Будак,Винко Краљевиќ и други.Ова е седми игран филм на режисерот Огреста и еден од најнаградуваните.
Филмот досега има освоно дури 21 награда на повеќе филмски фестивали :Берлинскио, Пулскиот, Белградскиот Фест, Монтенегро филм фестивал во Херцег нови, Карлови вари, Хонг Конг и тн.
Само да се потсетиме дека со овој филм на пчетокот на јуни овде во Охрид започна првиот фестивал на ангажиран филм „ Охрид филм фест“.
Долгометражниот игран филм „ Игла под прагот“според сценариото и во режија на Иван Мариновиќ е годинешен кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм од страна на Црна Гора.Одлуката за тоа е донесена со тајно гласање од страна на седумчлената комисија предводена од председателот , режисерот Драшко Ѓуровиќ.
Изборот бил направен помеѓу два пријавени филма.
Филмот премиерно беше прикажан во рамките на натпреварувачката програма на 22. Фестивал во Сарајево.
Филмот преставува дебитантски филм на режисерот Иван Мариновиќ. Тој е реализиран на локации во величенствениот амбиент на Луштица и Бока Которска.
Главните улоги во оваа црнохуморна комедија ги толкуваат , нашиот Никола Ристановски, Јелисавета Сека Сабљиќ, Љубомир Бандовиќ, Богдан Диклиќ, Мирко Влаховиќ, Кристина Стевовиќ, Тихана Чулафиќ, Дејан Ѓоновиќ и други.
Хрватската малцинска копродукција на играно документарниот филм„ Хјустон, имаме проблем“ , во кој режисерот Жига Вирц се занимава со урбаната легенда за југословенската вселенска програма продадена на Американците, е словенски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм.Така одлучи друштвото на словенските режисери.
Во филмот„ Хјустон, имаме проблем“, режисерот Жига Вирц ја брише границата помеѓу стварноста и фикцијата и го истражува митот од почетокот на американскиот натпревар да биде првата земја која ќе испрати човек на месечината и ги наведува американските понуди од повеќе милијарди долари за купување на југословенската вселенска програма од раните 60 ти години од изминатиот век.
И конечно, филмот „ Другар“ на режисерот Џеми Донуг е номинира за Оскар како преставник од Косово.. Се работи за копродукција помеѓу Косово и Велика Британија во кој главните улоги ги толкуваат Џевдет Јашари,Ештреф Дурмиши, Бесник Крапи,Астрит Кабаши, Аурита Агуши, Армонд Морина и други.
Филмот е снимен во ноември 2014 година во местото Први Тунел кај Митровица и говори за пријателството помеѓу две момчиња за време на војната во Косово а е базиран на вистински настани.
Бившата држава Југославија шест пати се најде во најтесниот избор од 5 филмови за наградата Оскар , но никогаш не го освои. Се случи тоа најпрвин во 1958 година со филмот „ Пат долг една година“, во 1960 со „ Деветиот Круг“, во 1966 со „Три“, во 1967 со „ Собирачи на пердуви“ , во 1969 со воениот спектакл “ Битката на Неретва“ и во 1985 година со филмот „ Татко на службено патување“. По распадот само две нови републики успеаја со свои национални филмови да влезат меѓу петте најдоби. Македонија на која тоа и појде од рака во 1995 година со филмот „ Пред дождот “ на Милчо Манчевски и на Босна и Херцеговина во 2001 година кога со филмот „ Ничија земја“ на Данис Тановиќ го освои оскарот во категоријата најдобар странски филм.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк